Денеска без вода Аеродром и Ново Лисиче


Поради промена на шибер во пумпната станица во припор, корисниците од Аеродром и Ново Лисие, денеска ќе останат без вода од 9.30 часот, информираат од „Водовод и канализација“ Скопје.

– Ве известуваме дека на ден 01.04.2022 поради промена на шибер Ф-300 мм над Пумпена станица Припор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче -висока зона. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9.30 часот до завршување со промена на шиберот – стои во нивната објава на Фејсбук..