Се градат нова велосипедска и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“


По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска почнаа со изградба на нова велосипедска и пешачка патека на северната страна на булеварот „Видое Смилевски Бато“, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булеварот „Србија“, во вкупна должина од 500 метри. 

Истовремено ќе се работи и на развивање на велосипедската мрежа кон приградските населби, со што ќе се намали ризикот од возење велосипеди на коловозите, се со цел поголема безбедност на граѓаните коишто користат алтернативен превоз.