Моника Белучи стана русокоса


Италија- Италијанската сексапилна глумица Моника Белучи го промени стилот – стана русокоса. Промената на фризурата и бојата на косата на Моника Белучи ги изненади фановите, без разлика дали станува збор за вистинска трансформација или за перика. Италијанската убавица која неодамна блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се фотографираше за „Сун Магазин“ во поинакво […]

Актерот Крис Прат се ожени за ќерката на Шварценегер


САД – Актерот од „Чувари на галаксијата“ Крис Прат се ожени за писателката Кетрин Шварценегер – ќерка на Арнолд Шварценегер и новинарката од кланот на Кенеди-Марија Шрајвер кои се разведени. Вестате ги изненади нивните обожаватели, кои сметаа дека двојката до крајот на годината официјално ќе каже „да“. Претходно, самиот Прат најави дека големиот ден, најверојатно, […]

Игор Пачемски советува: Ако можете да протнете прст, градникот ви е голем


Игор Пачемски, без сомнение најзначајниот македонски дизајнер на долна облека во светски рамки, дава совети како да изберете градник, една од најтешките работи за една девојка или дама. Неодамна, дизајнерот стана дел од тимот на „Ралф Лорен“ и по 20 години живеење и работа во Лондон, функционира измеѓу Бугарија и САД. Петнаесет години е препознатливо […]

Крај на врската на Ирина Шајк и Бредли Купер


САД – Уште една холивудска љубовна приказна е завршена. Иако веќе со месеци се зборува дека врската на топ моделот Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер не е стабилна, пристигна и официјална потврда дека оваа четиригодишна љубовна приказна заврши. Двојката веќе пријателски се договара за старателството над двегодишната ќеркичка Леа. За кризата во нивната врска […]

„Гучи“ ја воведува вештачката интелегенција во модата


Италија- „Гучи“ ќе биде првиот бренд на „Керинг групата“, којшто ќе користи вештачка интелигенција во одлучувањето каде да испрати нови производи, почнувајќи од продажбата на торби во Европа следниот месец, изјави директорот на дигиталниот сектор на „Керинг“, Грегори Бјут. Новата алатка, заедно со придружната мобилна апликација, може да ја подобри продажната прогноза за дури 20 […]

(Видео) „Макфест“ ги обвини навивачите на „Вардар“ за сквернавење на евергринот


Безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, нумерата „Признавам“ која беше изведена на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ во 1988 година, деновиве е повторно актуелен, но како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион „Вардар“. Обработката е дело на екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена „Вардаре, не те оставаме“. Сепак, песната која […]

Вера, надеж, љубов: Влатко Стефановски со вонсериски концерт за пријатели


Концертот во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски  синоќа во луксузниот комплекс Старо Буре, во Кучково се претвори во незаборавна журка и ноќ за паметење со најмоќните негови песни отсвирени само за оние кои имаат вера, надеж и љубов. Влатко, со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“ кој  го сочинуваат и Јан Стефановски (18) […]

Игор Пачемски за „Независен“: Станав дел од тимот на „Ралф  Лорен“


Македонскиот дизајнер Игор Пачемски (41), стана дел од тимот на луксузниот американски моден бренд „Ралф Лорен“. – Работам на 2 нови колекции на „Ралф Лорен“ кои ќе се лансираат допрва и не можам ништо да зборувам за нив, исто така работам и на линиите на „Поло“ и на „Лорен бај Ралф Лорен“. Колекциите се изработуваат […]

Здравко Чолиќ доби 10 –ка од фудбалскиот национален тим


Балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (67), им приреди големо изненадување на македонските фудбалски репрезентативци, на утринскиот тренинг на селекцијата. Македонија се подготвува за јунскиот квалификациски циклус за ЕУРО 2020 година, а своја поддршка ќе има од легендарниот пејач. За возврат, Чолиќ доби подарок дрес од нашиот национален тим со бројот десет на грбот и неговото презиме. […]

Влезниците за Брајан Адамс  од 1.999 денари до 4.000 денари


Влезниците за концертот на Брајан Адамс во Скопје се движат од 1.990 денари до 4.000 денари, објави организаторот „Авалон продукција“. ПАРТЕР- 1.990 денари,  SILVER SEATS- 2.500 денари (блок 1, 5, 6, 10, 11 и 15), GOLDEN SEATS- 2.990 денари (блок 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12 и 14) и ВИП 4.000 денари (блок 13). […]

Наследството на Џорџ Мајкл ќе го делат семејството и пријателите


Англија- Музичката легенда Џорџ Мајкл ништо не им остави на своите поранешни партнери, а најголем дел од богатството од 98 милиони фунти, како што е веќе познато, им го остави на неговите сестри, татко му и пријателите. Врз основа на судската документација, која е издадена на 30 мај, имотот на пејачот конечно може да се […]

На13 ноември во ВИП Арена: Брајан Адамс со концерт во Скопје


По Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти (на 30 септември) во Скопје доаѓа еден од најголемите музичари на светот –Брајан Адамс. На концертот на 13 ноември, во ВИП „Арената“ за прв пат во живо ќе се слушнат хитовите „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever […]

Дејвид Линч и Џина Дејвис ќе бидат наградени со почесни Оскари


САД-Култниот американски режисер и добитникот на „Златна палма“ во Кан, Дејвид Линч (73) и актерката Џина Дејвис (63) , наградена со Оскар во 1988 година,  ќе бидат наградени со почесен Оскар, објави Бордот на гувернери на Академијата за филмска уметност и наука. Покрај Линч, за животно дело ќе бидат наградени и италијанската режисерка Лина Вертмилер […]

Меланија Трамп во Гучи фустан со принт од британските знаменитости


Англија– Првата дама на САД, Меланија Трамп (48) , уште еднаш покажа многу стил одбирајќи соодветен фустан за посетата на Велика Британија. Миди фустанот во кошула стил е од марката Гучи и изработен е од чиста свила и чини 3.500 евра. Најинтересниот детал на него е принтот кој ги претставува важните знаменитости на Велика Британија, […]

Експлозии при снимањето на „Бонд 25“, неколку повредени


Англија– Три силни експлозии одекнаа при снимањето на најновиот, 25. филм за Џејмс Бонд, во коишто повредени се неколку членови од филмската екипа и има материјална штета. Инцидентот се случил при тест на специјалните ефекти со експлозии во Пајнвуд студиото во Бакингемшир, а поради тоа, снимањето е целосно прекинато, јавија британски медиуми. Најмалку едно лице […]

Отфрлено обвинението против Депардје за силување


Франција- Француското обвинителство го отфрли обвинението против актерот Жерар Депардје (70), обвинет за силување, поради недостиг на докази. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека обвинителите не успеале да ги потврдат наводите од обвинението. Депардје (70) минатата година беше обвинет за силување од страна на млада француска актерка.Тој го негираше обвинението. Француските медиуми пренесуваат дека […]

Чорапи „Доналд Трамп“ се хит


САД- Чорапи „Доналд Трамп“ со фризурата на американскиот претседател се хит во САД. Ги произведува приватна компанија и можат да се купат онлајн на Амазон за 25 долари. Пред претседателот Трамп ги промовираше гувернерот на Луизијана Били Нунгесер кој се сретна со Трамп на аеродромот во Лајк Чарлс. Првиот човек на САД бил воодушевен од […]

Колегите ги наградија : Брендон Максвел има најдобра женска колекција, Лопез е модна икона


САД – Брендон Максвел и Рик Овенс  имаат најдобра женска односно машка колекција , според Советот на модните дизајнери од Америка (CFDA).  Сара Бартон од „Александар Меквин“ е прогласена за најдобар интернационален дизајнер. Пејачката и актерка Џенифер Лопез е модна икона за 2019 година, а сестрите Олсен  се најдобри дизајнери на модни додатоци. Доделувањето на […]

Се омажи внуката на Грејс Кели: Шарлот Касираги во две венчаници


Монако- Во Монако викендов се славеше. Шарлот Касираги (32), ќерка на принцезата Каролина и внука на Грејс Кели се омажи за францускиот продуцент Димитри Расам (37), инаку син на познатата француска актерка Карол Буке. Двојката во саботата изговори „да“ пред матичар во една од палатите на кралското семејство, а вечерта се одржа забавата во вилата […]

Џеј Зи е првиот хип-хоп милијардер


САД– Шон Кореј Картер (49), попознат по прекарот Џеј Зи, официјално стана првиот хип-хоп милијардер. Статистиката на „Форбс“, утврдила дека неговото богатство е проценето на нешто повеќе од милијарда долари. Раперот, сопруг на поп-ѕвездата Бијонсе, пред да стане музичар, бил трговец со дрога, а во 1996 година ја покренал својата издавачка куќа „Рок-А-Фела рекордс“. Оттогаш […]