Аланис Морисет по трет пат мајка на 46 години


САД– Пејачката Аланис Морисет (46) по трет пат стана мајка на 46 години. На 8 август таа го роди синот Мерси.

„Тој е тука“, напиша таа на социјалните мрежи, покрај црно-белата фотографија од момчето кое спие.

На Морисет ова ѝ е трето дете, а го роди во нејзиниот дом. Таа и нејзиниот сопруг се родители на тригодишната Оникс-Солас и осумгодишниот Евер Имре.

Познатата пејачка ја објави веста за бременоста во март. Таа откри дека била убедена дека нема да има големо семејство какво што посакувала.

-Отсекогаш сакав да имам три деца, но тогаш имав неколку спонтани абортуси и никогаш не мислев дека мојата желба ќе се оствари. Тоа беше болен период, полн со загуби “, рече Аланис, која тогаш решила да преземе некои други чекори за да забремени.

Таа почнала да го контролира крвниот притисок, да разговара со лекарите и акушерките и поминала низ разни тестови и прегледи, што резултирало со успешна и здрава бременост и трета принова во семејството.