„Версаче“ се извини за маиците каде Хонг-Конг е напишана како земја

Кина– Италијанската модна куќа „Версаче“ се извини за маиците на кои Хонг-Конг и Макао се напишани како земји, со што ѝ го нарушиле територијалниот интегритет на Кина.

Некогашните европски колонии и беа вратени на Кина во доцните 1990 година. Маиците се повлечени од продажба и уништени.

Донатела Версаче, креативниот директор и сестра на основачот на брендот Џани Версаче, се извини и во лично име, за последиците од овој моден потег.