(Видео) Култната серија „Беверли Хилс“ се враќа на екраните

САД– Продолжението на култната серија „Беверли Хилс“ насловено „БХ90210“ се враќа на телевизиските екрани, а синоќа ја доживеа својата премиера на првата епизода.

Во најавната шпица објавена непосредно пред премиерата танцуваат седум актери – Бренда (Шенон Доерти), Кели (Џени Гарт), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Присли), Стив (Иан Зеринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис), на добро познатата екипа и недостасува само Лук Пери (Дилан), кој ненадејно почина во март оваа година.

Во шесте нови епизоди ѕвездите од 90-те ќе се глумат себеси во променета реалност, инспирирана од нивните животи и врски, во период кога се обединуваат за снимање на продолжение на „Беверли Хилс, 90210“.