Ќерката на премиерот Заев со момчето одмора на Малта


Александра Заева ужива на Малта. Ќерката на македонскиот премиер Зоран Заев со нејзиното момче Иван Проданов по Грција, уживаат во убавините на Валета.

Судејќи по фотографиите на нејзиниот профил на „Инстаграм“ кој е отворен за јавноста, Александра ја сака модата.

Александра годинава е матурантка . Во јавноста се уште не е познато каде таа ќе го продолжи своето школување дома или во странство.

Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.

Претседателот на Владата годинава одморот ќе го дели меѓу Охрид и Грција.