Дикаприо и Шон Пен летуваат заедно: Со помлади девојки во Италија


Италија- Оскаровците Леонардо Дикаприо (44) и Шон Пен (58) заедно летуваат во Италија, или на јахта или во монденските летувалишта како Позитано.

Заеднички им се многу помладите девојки. Дикаприо, кој е на пауза од турнејата на филмот на сезоната на Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ во кој глумат и Бред Пит и Марго Роби, се забавува со Камил Морон (22), чиј славен очув и е Ал Пачино. Пен се забавува со Лејла Џорџ (27).

Дикаприо никогаш не се женел, а се забавуваше со славни манекенки како Гизела Бундшен и со водителката на годинешниот Евросонг во Тел Авив- Бар Рефаели.

Шон Пен обожува русокоси. Беше во брак со Мадона и со актерката Робин Врајт, и во подолга врска со Шарлиз Терон.