Моќна порака за жените: Бебе Реџа со своја модна линија Bebe Loves Bebe


САД- Пејачката со косовско потекло, која двапати е номинирана за Греми, Бебе Реџа, е главно лице на новата кампања на марката Bebe за сезоната есен 2019. Кампањата е насловена Bebe Loves Bebe.

Од колекцијата, на пејачката и се омилени маичките со сребрен принт на кој пишува Bebe.

-Кога одев на училиште беше најкул да се има Bebe маичка со принт од Сваровски кристалчиња, вели 29-годишната пејачка. Обожавав да носам таква маичка во комбинација со фармерки.

Но кампањата не ја навраќа Бебе само во минатите денови на младоста, туку испраќа порака до сите жени во светот да си го сакаат своето тело такво какво што е. Целата кампања е поддржана со хаштагот #LoveYourself.

-Ние не учиме како да се сакаме себеси додека сме млади. Мислам дека е многу важно да ги потсетиме сите дека секоја форма на телото, секоја боја, без разлика кои сме, се убави, додава Реџа.