Тинејџерките ја избраа Тејлор Свифт за икона


САД- Наградите „Избор на тинејџерите “ (Teen Choice Awards) за првпат доделува награда за икона која со своето дело позитивно ги инспирирала тинејџерките низ светот. Таа титула ја доби поп-ѕвездата Тејлор Свифт (29) .

Наградата не е изненадување ако се земе предвид дека и самата Свифт почнала да се бави со музика уште на 13-годишна возраст, а продала над 50 милиони албуми. Свифт се смета за една од највлијателните на социјалните мрежи.

На церемонијата на доделувањето на наградите, во Калифорнија, пејачката видно поправена, ја искористи пригодата да сподели важна порака со нејзините млади обожавателки.

-Грешките се неизбежни. Понекогаш мислиш ако доволно се трудиш дека никогаш нема да направиш грешка. Ако во моментов се обвинувате за нешто што се случило, бидејќи сте згрешиле, или поради тоа се чувствувате посрамотено, тоа е нормално чувство. Никој не минува низ животот неповреден. Ве молам, бидете благи кон себе и направете се за себе.

Неодамна, за списанието „Ел“ таа напиша есеј насловен „30 работи кои ги научив пред 30-от роденден“, во кои, меѓу другите, вели:

-Научив да не го мразам секој грам маснотија на своето тело. Напорно работев за да го извежбам својот мозок да прифати дека некој килограм плус може да се перцепира дека имам поголеми облини, посјајна коса и поголема енергија. Мислам дека многумина од нас претеруваат со диетите, а тоа претерување може да биде опасно. Не постои брзо решение. Работам секојдневно да го прифатам своето тело.