Бред Пит и Дикаприо во Скопје: Премиера на „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино


Најочекуваниот филм на годината „Беше еднаш во Холивуд“(Once Upon a Time in Hollywood)  на режисерот Квентин Тарантино вечерва има премиера во Скопје од 20 часот, а од утре ќе биде на редовниот репортоар на Синеплекс .

Филмот кој имаше светска премиера во Кан, во мај, веќе е на репертоарот на кината во САД и во Велика Британија.

Во филмот прв пат глумат заедно холивудските ѕвезди Бред Пит и Леонардо Дикаприо.

Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува филмот.

Леонардо Дикаприо ќе се појави во улогата на Рик Далтон, поранешна ѕвезда на вестерн ТВ серија, додека Бред Пит е неговиот каскадер и дублер, Клиф Бут.

Во филмот ќе се појави и Марго Роби, која ќе ја толкува улогата на Шерон Тејт, популарната американска актерка која беше една од жртвите на Култот на Чарлс Менсон. Според досегашните информации, дел од приказната ќе биде и нејзиното убиство и теророт кој беше предизвикан во Холивуд откако се случи тоа.

Тарантино направи обединување на двајца од неговите омилени актери со кои работеше на „Inglourious Basterds“ (Бред Пит) и „Django Unchained“ (Леонардо Дикаприо). Режисерот е многу возбуден за работата со ова дуо, нарекувајќи ги „највозбудливото динамично дуо по Роберт Редфорд и Пол Њуман“.