Асистентка го тужи Де Ниро за 12 милиони долари


САД- Оскаровецот Роберт де Ниро е обвинет за полова дискриминација и за вознемирување на работното место од поранешна вработена во неговата компанија. Бараната отштета изнесува 12 милиони долари. Оштетената Грејм Чејс Робинсон во обвинението наведува дека глумецот често се однесувал лошо со колешките. Користел сексистички изрази и ги нарекувал „кучки“ и со други навредливи називи. […]

Почина Дајен Керол, една од ѕвездите во „Династија“


САД- Американската актерка и пејачка Дајен Керол почина на 84 години, соопшти нејзиното семејство. Нејзината ќерка Сузан Кеј информира дека мајка и починала во Лос Анџелес, од рак. Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата Џулија, а притоа немаше […]

(Видео) Непробол: 12 години од последниот концерт на Тоше


На 5 октомври, пред точно дванаесет години Тоше Проески го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и овозможи десетици илјади евра за обновување на училиштата во Македонија. На почетокот ја изрази својата огромна среќа и посака за неколку години сцената да биде од другата страна и да има уште […]

Монти Пајтон слави 50-ти роденден


Англија– Пред точно 50 години, на 5 октомври 1969 година, Би-Би-Си ја емитуваше првата епизода од шоуто „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ кој го смени текот на британската и светската комедија. Шоуто не наликуваше на ништо што до тогаш беше видено и беше револуција во поп културата. Познатата хумористична серија, базирана на апсурд, цинизам и […]

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го добија третото дете


САД-Холивудската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го доби третото дете Не е познат полот на бебето што го прошири семејството на пет члена, со оглед на тоа дека двојката веќе ги има четири и полгодишната Џејмс и две и полгодишната Инез. Рејнолдс и Лајвли се во брак од 2012 година, а тој има уште […]

Филмски мултимедијален едиторијал на модниот дизајнер Папаз за колекцијата „Три“


Ангела Ѓоргиева, Бојана Нушкова, Евгенија Ризова, Маја Андоновска Илијевски и Катерина Кузмановска се петте дами во филмскиот мултимедијален едиторијал за колекцијата Три на модниот дизајнер Папаз кој ја презентираше во Босна и Херцеговина. „Оваа колекција претставува симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција […]

Петар Грашо со два концерти во Скопје


Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, после долго време ќе има свои солистички концерт и во Скопје. „Иако насекаде во регонот Петар Грашо настапува во најголемите постоечки сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерти, во најубавиот простор во Скопје, Македонската Филхармонија“, велат организаторите од Авалон продукција. Концертите ќе се […]

Боки 13 во есенски стил: Класиката не излегува од мода


Шоуменот Боки 13, првоосомничен во случајот Рекет, пред судиите во Апелацискиот суд во Скопје денес се појави во класичен стил, во боите на есента. Сериозен во однесувањето но и во облеката-внимателно избрано карирано сако и топла ролка, како најава на новото годишно време и на новата става. Во слични бои беа и очилата и нараквицата. […]

Дама во црвено: Кралицата Летиција се потсети како новинарка


Шпанија– Во црвена, елегантна коктел тоалета како тореадорски плашт, шпанската кралица Летиција го привлече вниманието на јавноста на прославата на шпанскиот весник „Ел Мундо“ во Мадрид. На 30-годишниот јубилеј сопругата на кралот Фелипе Четврти, се потсети на времето кога била новинарка. Кралицата ретко греши во модните комбинации и вешто комбинира брендирани парчиња со кежуал, најчесто […]

Инцидент на ревијата на Шанел: Блогерка прошета на писта како манекенка


Франција– Блогерка стана славна откако влета на ревијата на „Шанел“ во Париз, на првата претапорте колекција што куќата ја претстави по смртта на долгогодишниот креативен директор и главен дизајнер, Карл Лагерфелд. Причината поради која Мари Бенониел се појави неповикана среде пистата на покрив, е поради тоа што, како што подоцна изјави, била одбиена од креативната […]

Леди Гага ќе сними албум „Адел“


САД- Поп-ѕвездата Леди Гага (33) откри дека ќе го именува својот нов албум по британската поп-ѕвезда Адел. Гага преку „Твитер“ ги извести своите 79,5 милиони следбеници дека албумот ќе го носи името Адел, што многумина ги одушеви и предизвика низа коментари. „Следниот албум ќе го наречам Адел“, напиша Гага на својот твит и доби повеќе […]

Таткото на Бијонсе има рак на дојка


САД- Таткото на поп-ѕвездата Бијонсе и на пејачката Соланж Ноулс, Метју Ноулс (67) изјави дека боледува од рак на дојка. Само еден процент од мажите заболуваат од рак на дојка и тоа во зрелите години, и е смртоносен ако не се открие во рана фаза, пренесуваат американските медиуми. По 30 години брак, Ноулс се разведе […]

Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Пендаровски и Ѓукановиќ


Македонскиот претседател Стево Пендаровски (56) својот прв висок гостин од негов ранг , црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ (57) го пречека на високо ниво, најелитно и највисоко во Скопје- на Водно, со црвен килим. Целиот сообраќај утрово во главниот град беше закрчен заради важната посета, а небото го надлетуваше и хеликоптер. Со стилот, покажаа висока дипломатија. […]

 „Ај Кју“ со нова преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија


По неколкуте синглови со кои „Ај Кју’ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“. Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон […]

Голем интерес за одржлива мода: Први настан на Fashion Revolution Macedonia во Скопје


Со разменување на облека и проекции на документарецот „True Cost“, кој ни ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија, тимот на Fashion Revolution Macedonia, вчера го одржа својот прв настан во Јавна соба во Скопје. „Целта на денешниот настан е да започнеме со адаптирање на глобалното движење – […]

Ексклузивно од „Кроација рекордс“: Колекција на најголемите хитови на „Леб и сол“


Најголемата дискографска куќа во регионот – „Кроација рекордс“ од Загреб со гордост ја претстави „Колекција на најголемите хитови на Леб и сол“, култниот македонски состав на сите времиња. По „Ултимативната колекција“ од 2008-ма година, исто така во издание на „Кроација рекордс“, и претходно „Антологија“ од 1995-та година, која ја потпиша „Трето уво“, ова е првата […]

20. Моден викенд Скопје: Приказната во градот продолжува во ноември


Скопје пак ќе биде центар на високата и кежуал-мода, со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии, во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор и со професионален и уникатен рекламен материјал, во организација […]

(ГАЛЕРИЈА) Концертот на Ерос Рамацоти ќе се памети


Долгоочекуваниот концерт на италијанската поп-ѕвезда Ерос Рамацоти, конечно се реализираше вчера во Скопје. Солидно исполнетата А1 – арена со нетрпение го очекуваше стартот на музичкото патување. Рамацоти го започна својот концерт со водечката нумера од неговиот последен албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto […]

Папаз со ревија во Сараево: Аплауз за лимитираната колекција Три


Македонскиот моден дизајнер од Битола Андреј Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна и префинета лимитирана колеција насловена како Три. Колекцијата е симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави,  здолништа […]

Ќерката на Синди Крафорд ѕвезда во Париз: „Валентино“ ја разголи


Франција– Новата манекенска ѕвезда Каја Гербер (18) , ќерката на славниот супермодел од 80-тите Синди Крафорд беше ѕвездата на Модната недeлa во Париз. На ревијата на „Валентино“ ја откри својата раскошна убавина носејќи прозирна кошула од органза. Ревијата од првите редови ја следела и легендарната Наоми Кембел која подоцна на  Гербер ѝ оставила две срциња […]