Ема Томпсон се отсели од Британија: Во Венеција го живеам сонот


Италија– Откако неодамна Велика Британија ја напушти Европската унија, оскаровката Ема Томпсон (60) со сопругот Грег Вајс со кого е во брак 17 години, замина да живее во Венеција, Италија, а минатата недела добија и италијанско државјанство. Наводно, двојката купила куќа во Венеција и интезивно го учат италијанскиот јазик.

-Италија е остварување на мојот сон, им изјави на новинарите на италијански, славната актерка.

Нивната преселба не беше изненнадување зашто Ема зборуваше дека Брегзит е чиста лудост.

-Глупост е да не се гласа за останување на Британија во ЕУ. Треба да зборуваме за поместување на границите, а не за нивна изградба, има изјавено Томпсон уште во 2016 година.

Двојката, без обзир на новото државјанство, ги задржаа британските пасоши.

Ема и Грег имаат две деца, синот Тинди (32), посвоен како жртва на геноцидот во Руанда во 1994 година и ќерка Гаја (20). Тие ќе ги посетуваат родителите кога сакаат.