Се чувствувам изневерена и повредена: Супермоделот Паулина Поришкова исклучена од тестаментот на Рик Окасек


САД- Супермоделот Паулина Поришкова во интервју за прв пат по смртта на нејзиниот сопруг, музичарот и фронтменот на Cars  Рик Окасек, изјави дека се чувствува „повредено и изневерена“ затоа што е исклучена од од неговиот тестамент.

Поришкова и Окасек планирале да се разведат, но сепак живееле заедно кога тој починал. Таа го пронашла неговото телото во семејната куќа  додека му носела кафе наутро.

Двојката се венчаше во 1989 година и заедно имаа два сина. Тие започнаа постапкa за развод во 2017 година, по 28 години брак, но Окасек почина минатата година на 15 септември на 75-годишна возраст од срцеви заболувања пред да се финализира разводот.

Окасек во тестаментот на 28 август напишал: „Дури и да умрам пред да се разведеме со Паулина, таа нема право на никаков дел… затоа што ме напушти“.

Окасек оставил имот вреден 5 милиони долари. Поришкова планира да го оспори тестаментот, и ако и успее, според законот на Њујорк, би добила 1/3 од имотот, освен ако не може да се докаже дека таа го напуштила.

„Тоа го направи процесот навистина незгоден“, изјави Поришкова за Си-Би-Ес .Многу ми недостасува, ама во исто време се чувствувам повредена  и измамена“.

Во 80-тите Поришкова, по потекло Чехинка, беше една од најубавите и најбарани модели. Откако се омажи се повлече од јавноста и ретко се појавуваше на модните писти и во рекламите.