Били Ејлиш ќе ја пее насловната песна за 25. „Џејмс Бонд“


САД- Били Ејлиш ќе ја изведе тематската песна за новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, насловен No Time to Die („Нема време за умирање“), објавија продуцентите на филмот.

18-годишната Били, која што е номинирана за наградата „Греми“, е најмладиот уметник/изведувач што досега напишал и снимил насловна нумера за серијалот филмови за славниот агент 007.

Иако пред еден месец наполни 18 години, Били веќе е сопственичка на албум број 1 на многу топ-листи. Таа е најмладиот изведувач со четири номинации за „Греми“.

Филмот – во кој Даниел Крејг глуми британски супер шпион, а оскаровецот Рами Малек како негативец – својата светска премиера ќе ја има на 2 април во Лондон и 10 април во Њујорк.

„Огромна чест е да добиеш можност да изведеш тематска нумера за филм што е дел на таква легенадрна серија“, изјави Били. „Бонд е најкул филмска франшиза до сега. Јас сум сè уште во шок.“

Таа ја напиша насловната песна за 25-тиот филм за славниот агент со нејзиниот 22-годишен брат Финнас О’Конел, нејзин примарен креативен партнер кој исто така е номиниран за „Греми“.

Последните две песни во изведба на Адел и Сем Смит освоија Оскар за најдобра филмска песна. Песните за Бонд ги испеаја и Ширли Бејзи, Тина Тарнер, „Дјуран Дјуран“, Лулу, Мадона…