(Фото) Модна ноќ на невести во Скопје: Гламур и селфи


Идните невести кажаа „да“ и синоќа без стрес можеа да уживаат во ревиите со венчаници на Модната ноќ на невести во хотелот „Мериот““, во организација на Моден викенд – Скопје. По осми пат гостите од сите сфери на живеење уживаа во магичната ноќ исполнета со висока мода, неврзани муабети со вино, коктели и шампањ и комплименти за шик изгледот .

Атрактивни, едноставни и раскошни венчаници понудија ателјето „Al Aparel“ на Наташа Карчева, бутикот за венчаници „Лебед”, косовскиот бренд „Menakon Creations“, ателјето „Anna Bora“, и ателјето „МCouture“. На пистата продефилираа и нови манекенки од агенцијата „Подиум“ и сите имаа прекрасна шминка и невестинска фризура.

Пред ревијалниот дел, Skopje Marriot организираше и Bridal Cocktail во претседателскиот апартман, каде што идните невести и медиумите имаат можност да ги дознаат сите бенефити и предности, како и кратка презентација за организација на свадба во хотелот.

Во текот на денот, пак, како новина, идните невести, уживаа во шоурумот, ги видоа одблизу колекциите, но и можност да добијат понуда со големи попусти од изложувачите.

Фото: Борис Грданоски