Јубилеен Саем на венчавки од 21 до 23 февруари во Скопје


Славни водителки, манекенки и јавни личности кои се кријат во тајност, ќе бидат невести на 10. Саем на венчавки во Скопје, традиционално во хотелот „Александар палас“. На саемот ќе изложуваат и педесетина учесници од сите категории потребни за организација на венчавка. Организатор, како и секоја година е интернет магазинот „Vo belo.mk“.

Марјана Станојковска

 

Годинава, се најавуваат и специјални гости – групацијата „ White Angels“ составена од шпански и италијански дизајнери на венчаници и свечени тоалети, кои ќе креираат за Саемот три специјални фустани. Групацијата отвара и ателје во Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Иванна Хаџиевска
Тијана