Акустична гитара на „Битлси” проценета на 400.000 фунти

ADELAIDE - JUNE 12: English singer, songwriter and lead guitarist for The Beatles, George Harrison (1943-2001), performs at the Adelaide Centennial Hall on June 12, 1964, in Adelaide, Australia. (Photo by Jeff Hochberg/Getty Images)

Англија– Aкустична гитара, што им припаѓала на членовите на легендарниот поп-рок бенд „Битлси” – Џон Ленон и Џорџ Харисон, е проценета на 400.000 англиски фунти на емисија на Би-Би-Си.

Сегашниот нејзин сопственик Реј работел музика за филмска компанија, чиј соосновач бил Харисон. Лично тој и го најмил…

– Отсвирив неколку ноти и тој ми рече: „Да, очигледно подобро се справуваш од мене. Подобро е ти да ја имаш, раскажа Реј во емисијата.

Познавачот на стари и вредни инструменти Џон Бадли смета дека битното тука е тоа што гитарата е снимена во рацете на Џорџ Харисон. Притоа, тој го процени антиквитетот меѓу 300.000 и 400.000 фунти.

– Мислам дека за 25 години, тоа е најскапото нешто што сум го видел, нагласи тој.