Том Круз и екипата од „Невозможна мисија 7“ ставени во карантин во Италија


Италија – Холивудскиот актер Том Круз и екипата на филмот „Невозможна мисија 7“, што се снима во Венеција, се сместени во карантин заради коорнавирусот што се шири низ Италија.

Веста ја пренесе весникот „Џерусалем пост“ , повикувајќи се на британскиот актер Сајмон Пејџ.

Тој наведува дека Том Круз допатувал во Италија на 20 февруари заради снимање на седмото продолжение од филмот „Невозможна мисија“.

Заради епидемијата од коорнавирус, што со молневита брзина се шири низ Италија, целата филмска екипа е ставена во изолација во раскошниот хотел „Грити палас“, пренесе„ Џерусалем пост“.

Оттаму се истакнува дека никој од филмската екипа не е заразен од коронавирус, а во карантин ќе се наоѓаат до утре, 2 март.

Претходно, медиумите пренесоа дека снимањето на холивудскиот блок-бастер е стопирано заради ширењето на коорнавирусот.

Филмот „Невозможна мисија 7“ требаше во кино салите да се појави во јули следната година, но сега е неизвесно дали планираниот термин ќе биде исполнет.