Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ во Скопје: „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо


Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“ – „Jukebox“ нема да го заобиколи Скопје. Имено, основачот на „Јагоде“ – Зеле Липовача во Скопје пристигнува во среда, на 26-ти февруари, и истиот ден од 13 часот ќе се дружи со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store.

Прилика за добра музика, автограм и фотографирање со еден од најважните автори и гитаристи на музичката сцена од Вардар до Триглав, човекот кој ги напиша: „Krivo je more“, „Jedina moja“, „Ne želiš kraj“, „Autostop“, „Motori “, „Šejla“, „Zauvijek tvoj“, „Marija“…

„Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот ‘Jukebox’ не е големо, но тој е секако мало чудо” – вели основачот, авторот на песните и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зела Липовача, по повод новиот албум.

После четири синглови и речиси две години чесна работа, новиот студиски албум на „Дивље јагоде“ со наслов „Jukebox“, во издание на Croatia Records е конечно тука!

Овој пат „Jukebox“ е симбол на нивните почетоци, пролазноста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови.

Концептот на овој албум е значително различен од сите претходни, а идејата за ваков проект потекнува од лојалните фанови на бендот. Сходно на тоа, на албумот „Дивље јагоде“ им беа домаќини на поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха, кои заедно со „Дивље јагоде“  слават 40 години постоење на овој неверојатен состав.

Со овој албум, пејачот Тони Јанковиќ станува полноправен член на групата, а тој всушност е дел и од насловната песна „Jukebox“. Музиката и аранжманот ги потпишува основачот и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача, а текстот го пишуваше хитмејкерот Ненад Нинчевиќ.

Новиот студиски албум е спој на песни што ги донесоа рок генерации, од оние што често ги изведуваат на концерти, до оние што батаат многу повеќе внимание.

„Ulica na lošem glasu“, „Zbog tebe draga“, „Sama si“, „Zauvijek tvoj“, „Sarajevo, ti i ja“, „Nemam ništa protiv“ и „Zvijezda sjevera“ пристигнуваат во сосема нови аранжмани и носат звук што вели дека „Дивље јагоде“ и понатаму се во чекор со времето денес.

Покрај насловната песна „Jukebox“, и споменативе римејци, албумот вклучува и сосема нови песни, „Virtualni svijet“, „Znamo da je kraj“, „Dug je bio put“, и инструменталната преработка на композицијата на  Бетовен – „За Елиза“.

Во песната „Dug je bio put“, на бендот му и се придружи и планетарно популарен рапер Стока.

Со новиот албум, објавен е видео-спот за песната „Jukebox“, во кој „Јагоде“ евоцираат стари спомени и се присетуваат на повеќе од 40 години успешна кариера. Тие спотот му го посветија на Мустафа Исмаиловски – Муц, клавијатурист во оригиналната постава, но и на публиката која им беше верна во сите овие години.

Главната актерка на видеото, Анѓела Попиќ, е претставник на младата генерација која го избира бројот 40 на Jukebox, а потоа и се придружува Тони Јанковиќ, и ја раскажува приказната за 40 години на еден од најголемите хитови во регионот.