(Фото) Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим


САД- Доцна синоќа во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.За најдобар актерски ансамбл беше прогласена екипата на филмот „Паразит“.

Никол Кидман во Мајкл Корс

Актерите ги наградија и колегите за улогите во филмовите „Џокер“ (Жоакин Феникс) и „Џуди“ (Рене Зелвегер) кога се во прашање главните улоги, односно Бред Пит и Лора Дин за споредните улоги во филмовите „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Marriage Story“.

Шарлиз Терон во Живанши

Славните актерки од А-листата во оваа пригода за црвениот килим прошетаа во гламурозни креации.

Џенифер Лопез во Џорџ Хобеика
Скарлет Јохансон во Армани
Џенифер Анистон во Диор
Марго Роби во Шанел
Синтија Ериво во Скијапарели
Зои Кравиц во Оскар де ла Рента
Софи Тарнер во Луј Витон