Депика Падуконе во Давос: Боливудска ѕвезда со деловен изглед


Швајцарија– Боливудската ѕвезда Депика Падуконе (34) како лани, првата дама на САД Меланија Трамп го привлече вниманието во Давос на светските државници, милијардери, бизнисмени и филантропи со својот активизам и изглед. Со капут „Прада“ и чевли „Кристијан Лабутин“ одржа модна лекција како треба да изгледа деловна дама во ексклузивен клуб како Светскиот економски форум кој трае до петок.

Боливудската актерка, синоќа, во сина елегантна тоалета, ја доби “Кристалната награда“ за својот ангажман за менталното здравје. Покрај Депика, таква награда добил и уметникот Тестер Гејтс, кореографката, Јин Синг и уметницата Линета Валворт.

Депика е родена во Копенхаген, Данска, а пораснала во Бангалор, Индија. Заштитно лице е на престижни модни брендови во светот, а лани блескаше на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Кан.