На висока нога: Хари и Меган почнуваат нов живот во Канада

Канада- Војводата од Сасекс пристигна во Канада, каде што се подготвува да почне нов живот далеку од кралските обврски. Ќе живеат во вила од 10 милиони фунти.

Тој слета во Ванкувер, каде што го чекаат сопругата Меган и нивниот 8-месечен син Арчи. Тој имаше средба со кралицата Елизабета и високи членови од кралското семејство, на која беше договорено тој и Меган да го напуштат кралското семејство и да почнат нов живот без кралските обврски и со финансиска независност.

Тие официјално напролет веќе нема да бидат кралски членови. Нема повеќе да ги користат нивните титули, ниту ќе имаат кралски обврски, како и воени служби. Тие нема да ја претставуваат кралицата.

Принцот Хари во неделата соопшти дека одлуката не била лесна, но дека немале избор.