Памела Андерсон по петти пат се омажи за продуцентот Питерс


САД– По неколку децении врска, актерката и активистка Памела Андерсон (52) и продуцентот Џон Петерс (74) стапија во брак. Петтата венчавка на Памела Андерсон, но и на Питерс, се случила во тајност на приватна церемонија на Малибу.

„Двајцата многу се сакаат. Тоа е голема холивудска романса“, рекол нејзиниот публицист потврдувајќи ја веста.

Нивниот прв состанок се случил во 80-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.

„Има убави девојки насекаде. Можев да избирам, но 35 години ја сакав само Памела“, изјавил Петерс за „Холивуд репортер“.

Памела и Џон на премиерата на „Бетмен“ во 1989 година

Петерс ја почнал својата кариера како фризер за да стигне до продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“, кој го продуцираше и римејкот со Леди гага и Бредли Купер.

„Таа ме прави див на позитивен начин. Ме инспирира. Јас ја заштитувам и ја третирам онака како што заслужи“, рече тој.

Памела (која донеодамна живееше во Марсеј, Франција), ѕвездата на „Чувари на плажа“ и која 13 пати ја красеше насловницата на „Плејбој“, беше во брак со Томи Ли ( со кого има два сина) , Кид Рок и двапати со Рик Саломон. Лани стана меѓународна ѕвезда кога го посетуваше Џулијан Асанж.

Питерс исто така, зад себе има четири брака. Меѓу сопругите се и актерката Лесли ен Ворен и  Кристин Форсајт со кого има ќерка.