Османи: Португалскиот предлог најдобро решение за деблокиурање на ветото


Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на […]

Мицкоски: Преговорите нема да почнат додека не прифатиме дека сме Бугари


Можеби ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, но преговорите никогаш нема да почнат сè додека ние не прифатиме да се асимилираме и како Бугари да влеземе во рамки на ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ја вчерашната изјава на бугарскиот премиер. Според него, вчерашната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков за поместување на ветото […]

Петков: Македонија во ЕУ најрано за 10 години, ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите


Има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Нашата влада нема да подлегне на вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни. Имаме една заедничка цел – Северна Македонија да биде европска земја, добар сосед. Заедно можеме да создадеме економски раст и сите […]

Османи во посета на Берлин и Софија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе има средба со државната министерка на Сојузна Република Германија надлежна за Европа, Ана Лирман. За време на посетата, Османи ќе оствари средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и Антон […]

Петков ќе бара европска помош да ги оствари бугарските барања


  По изјавите од Софија кои целосно ги заладија односите меѓу Бугарија и Македонија, премиерот Кирил Петков денеска се обиде да растера нешто од таа магла, но работите изгледаат еднакво конфузни. Петков вели дека пред две години Бугарија дала зелено светло во Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија, а потоа става вето што […]

Шефицата во Стејт департментот за Европа идната недела ќе биде во Македонија и регионот


  Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид ќе престојува во Западен Балкан од 25 до 29 април, соопшти Стејт департментот. Посетата на регионот Донфрид ќе започне во Косово на 25 април, каде, како што е најавено, ќе му се заблагодари на Косово што им обезбеди засолниште на Авганистанците и Украинците и […]

Конгресменката Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија


Конгресменката Елеонор Холмс Нортон од Конгресниот округ на Колумбија, стана најновиот член на Конгресната група за Македонија и македонските американци, која се залага за зајакнување на американско-македонските стратешки односи, соопшти Обединетата македонска дијаспора. Конгресменката Холмс Нортон, која доаѓа од Демократската партија, е исто така и ко-спонзор на резолуцијата со која се изразува поддршка за прогласувањето […]

Себичните интереси како губитничка стратегија на Бугарија


  Во својата надворешна политика, Бугарија често се потпираше на контроверзна стратегија: отворен цинизам во одбрана на себично формулирани национални интереси. Оваа стратегија речиси никогаш не функционирала добро, но ние продолжуваме да го правиме тоа до ден-денес. Во 1913 година, на пример, – по успесите во Првата балканска војна – Бугарија имаше можност да добие […]

Пендаровски: Нема гаранции дека внесувањето на Бугарите во Уставот би било последното барање на Софија


Настанот со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов” е спорен поради две основни причини – името на клубот и структурата на бугарската делегацијата која дојде во Битола, смета претседателот Стево Пендаровски. Во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат, Пендаровски своите забелешки ги упати како кон нашите институции, така и кон делегацијата од Бугарија. […]

Ковачевски-Левиц: Итна евроинтеграција на Македонија


Членството на Западен Балкан во Европската Унија е прашање на гео-политичка одржливост за самата ЕУ во време и во околностите предизвикани со руската инвазија на Украина, истакна претседателот на Република Латвија Егилс Левиц на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска […]

Владата прави измени, амнестија ќе има само по правосилна пресуда


Не станува збор за подготвка на нов закон за амнестија, туку за подготовка на нов закон за помилување, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање околу најавата на заменик-министерот за правда Агим Нухиу дека се подготвува ваков закон. Пендаровски појасни дека по инцијатива на Министерството за правда новиот закон за помилување е во […]

Пендаровски ги нарече лага и гола конструкција тврдењата на Радев за 10.000 убиени Бугари


Претседателот Стево Пендаровски ги нарече лага и гола конструкција последните тврдења на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Македонија биле убиени 10.000 Бугари по Втората светска војна.   „Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели. Не постои ни еден релевантен  историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ни во  […]

Ковачевски не отстапува: Настанот во Битола беше провокација


Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во изјава за медиумите, рече дека настанот што се случи во Битола е провокација и додаде дека славење на личност соработник на хитлерова Германија не може да се придонесе за пријателство меѓу двата народи. „Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги […]

Стејт департментот по посетата на бугарската делегација на Битола: САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ


САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјавија од Стејт департментот откако бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков во Битола присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим „Ванчо Михајлов“. Изјавата беше даден по прашање од МИА како САД реагираат на […]

МНР: Тенденциозни се шпекулациите дека НАТО ни ги сменил кодовите МК и МКД


Појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО, преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата, порачаа вечерва од Министерството за надворешни работи околу пишувањето на провмроските портали дека кодовите МК и МКД „одат во историјата“ бидејќи НАТО донел одлука […]

СДСМ се оградува од советниците во Лозово, се заканува со нивно исклучување од партијата


СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината. Не станува збор за донесена одлука на Советот туку за заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на […]

ЕК вели дека е „свесна“ оти Ванчо Михајлов е контроверзен лик за Македонија


Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел. За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на […]

Османи разговарал со Ескобар за спорот со Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствариl телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Двајцата разговрале за темите поврзани со  билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, а со […]

ЕП денес ќе гласа за европската перспектива на Македонија


Денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе се гласа за европските перспективи на Северна Македонија и Албанија. Преставникот на Европската народна партија во Европскиот парламент за Северна Македонија, Кристијан Сагарц, повторно е за брз почеток на пристапните преговори,  „Северна Македонија и Албанија ја завршија домашната задача и вложија големи напори да ги […]