Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје


Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. […]

Пендаровски на вонредниот виртуелен Самит на НАТО за Украина


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади. На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот […]

Две третини од граѓаните не ги прифаќаат бугарските барања


Голем дел од граѓаните не се расположени за прифаќање на бугарските барања, особено оние што се однесуваат на јазичните и идентитетските прашања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес, покажува анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ. Во исто време, власта го повтори ставот оти во интерес на […]

Совет за безбедност: Македонија има доволно енергенси да ја преживее руската инвазија на Украина


 Советот за безбедност, предводен од претседателот Стево Пендаровски,  ја разгледа безбедносната состојба во земјава и во регионот поврзана со руската агресија врз Украина. Притоа, беа осудени воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета. Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна […]

Во Украина војна, за Османи е поважно да му прави друштво на Ахмети во Тирана


  Лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од министри во македонската влада од ДУИ, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.  Зачудувачки е што министерот Османи се најде во Тирана кога денеска имаше седница на Советот за бозбедност кај претседателот Стево Пендаровски, на […]

Влада: Северна Македонија се придружува на ЕУ со санкциите кон Русија, прифаќаме и бегалци


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на Европската Унија во однос на ситуацијата во Украина, со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид рестриктивни мерки. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија […]

Јакимовски се потсмева на Украинците


Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски , во гостување на ТВ 24  ги оправда потезите на Русија велејки дека обидот да се дојде до руската граница и да се обиколи Русија е преопасна игра и дека Москва на тоа предупредила.  -Путин молеше Европа и Русија да се обединат против еден непријател, а тоа е тероризмот изјави […]

Ковачевски: Го осудувам чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина


 Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејбук профил. – Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја […]

ВМРО-ДПМНЕ против руската интервенција во Украина


ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни.  -ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со денешните ескалации и […]

Војувањето на Путин ги загрозува и Источна Европа и стабилноста на Западен Балкан, смета Рот


 Рускиот напад на Украина, не го доведува во прашање само опстанокот на земјата, туку ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Мајкл Рот. Тој додаде дека Западот треба да ги „запре сепаратистите“ во Босна и Херцеговина, што поскоро. Во објавата […]

Инсистирањето на идентитетски прашања не треба да биде приоритет


Уверен сум дека решението на спорот меѓу Скопје и Софија може подобро да се постигне во рамки на ЕУ. Инсиститирањето на идентитетски прашања во  билатерален спор не треба да биде приоритет во моментов, оценува директорот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје, Даниел Браун. – За жал за ова зборуваме повеќе од една деценија. […]

Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина


Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери. Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време […]

Владата ќе расправа за санкциите кон Русија


И Владата на  Македонија денеска ќе одржи седница за да решава за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки. Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување […]

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност за Украина


Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 14 часот свика седница на Советот за безбедност на која, како што соопшти Кабинетот на претседателот, ќе се дискутира за руската агресија врз Украина. Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, како и фото и видео инсерти од седницата ќе бидат дистрибуирани од страна на Кабинетот на претседателот по […]

Пендаровски со силна осуда за инвазијата на Русија на Украина


Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана […]

Османи го осуди нападот на Украина


Денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Во овие тешки времиња ние сме со Украина, се додава во објавата на […]

Софија со пари ќе ги помага Бугарите во Македонија


Поранешната бугарска министерка за надворешни работи, сега пратеничка, Екатерина Захариева информираше дека по нејзина иницијатива во државниот буџет за 2022 година ќе бидат вклучени и околу 400 илјади евра за помагање на Бугарите во Македонија, Албанија, Србија, Молдавија и Украина и за функционирање на нивните организации и здруженија. Ваква помош за првпат била издвоена пред […]

Претседателот на МАНУ ги нападна Преспанскиот и Договорот со Бугарија – го загрозувале регионот


  Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, денеска ги напдна Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија како два документи кои не само што значеле „разнебитување на Македонија“, туку и дека предизвикувале „нестабилност во регионот“. Зборувајќи на Годишното собрание на МАНУ, Коцарев рече дека тоа претставувале негови лични ставови. Тој наведе три предизвици за земјата – македонскиот опстој, […]

Уставниот суд не донесе одлука по иницијативата за привилегиите на пратениците


Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ги оспоруваат точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Судиите не донесоа одлука, бидејќи […]

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија


Северна Македонија е на линија за постигнување сто проценти усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската унија во однос на пакетот санкции на ЕУ којшто се најавува против Русија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. -Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи. За ова јавноста ќе биде информирана, рече Арсовски во одговор на новинарско прашање […]