Груби: ДУИ е за предвремени избори во април 2024


 За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласнео парнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција […]

Американска конгресменка ќе формира коалиција за санкции против Бугарија поради ветото


  Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија. Во интервју за Гласот на Америк“, конгресменката од Њујорк рече дека се покажало оти официјалното писмо што […]

Џафери најави македонска резолуција за злосторствата во Украина


Претседателот на Собранието Талат Џафери, по посетата на Киев, Ирпин и Буча, потврди дека   Македонија е решена да ја поддржи Украина, според потребите на таа земја и според договорите во НАТО каде што сме земја членка. Џафери, кој е прв политичар од Македонија што отпатува во Киев,  одговорил на поканата на украинската Рада, испратена до […]

Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата


Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе се одржи денеска во Националната опера и балет. На форумот, како што е најавено, воведно обраќање ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе следат панел сесија со премиерот, со вицепремиерите и со министрите. На сите три панели е предвиден и […]

Втор ден од состанокот на политичките директори на НАТО во Скопје


Во Скопје продолжува неформалниот состанок на директорите за политичкo – безбедносни прашања на министерства за надворешни работи на НАТО на земјите-членки на НАТО. Со состанокот претседава помошничката на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Бетина Каденбах. На состанокот, исто така учествуваат и високи претставници на Европската Унија. На првата работна сесија […]

Бомгартнер: Нашиот став не е променет, но се зависи од можноста Скопје и Софија да постигнат договор


Францускиот став во однос на Северна Македонија во ЕУ не е променет, но се зависи од можноста двата главни града, Скопје и Софија да постигнат договор, изјави синоќа амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер. – И тој договор кога и едната и другата страна ќе го потврдат ќе може да се оди напред. Затоа е […]

Остар одговор на Ковачевски: Уцени не прифаќам, особено не за себичните интереси на Мицкоски


  Христијан Мицкоски не мора да чека до 10 мај на одговорот на премиерот Димитар Ковачевски. Тој стигна само неколку часа откако  Мицкоски му постави барање да одржат јавна средба за закажување на предремени избори. „Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам. Ова е втор пат како Мицкоски се обидува да […]

СДСМ му одговори на Мицкоски: Изборите ќе бидат во 2024


  Владејачката СДСМ експресно му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој побара одржување на предвремени избори, велејчи дека „прашањето е затворено – избори ќе има во 2024 година“.   Во соопштението на партијата се вели дека „ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски освен неконструктивност не покажува ништо друго, нивната единствена цел е политички профит по секоја […]

Ковачевски: Не толерирам криминал од никого, без разлика на политичката припадност


Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања  го праша премиерот Димитар Ковачевски дали се чувствува одговорен откако два генерални секретара на Владата се обвинети за криминал  и дали  Фатмир Битиќи, Крешник Бектеши и Јани Макрадули, кои биле задолжени за изработка на физибили студијата за  македонска „Пошта“ се […]

Мицкоски бара средба со Ковачевски за одредување датум за предвремени избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“. Тој на Ковачевски му остави рок до 10 мај да се изјасни, […]

САД и Македонија ќе одржат стратешки дијалог во јуни во Вашингтон


  Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, порача денес од Скопје дека САД силно ги поддржува евроаспирациите на Македонија и сака што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. „Нејзиното одржување премногу се одолговлекува. Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате. Иднината на Северна Македонија е […]

Ковачевски планира отворање културен центар во Благоевград, ќе ја покани Мизрахи на отворањето


Премиерот Димитар Ковачевски планира во Благоевград, Бугарија да отвори културен центар, за чие име ќе се разговара, а за ова, во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков. – За крај, планирам директно да го информирам премиерот Петков, дека во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а […]

Џафери-Стефанчук: Ќе се приклучиме кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна


Република Северна Македонија безрезервно се приклучи кон сите рестриктивни мерки преземени од меѓународната заедница кон Руската федерација и тоа ќе продолжи и понатаму да го прави. Истовремено, Република Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО членките и на Европската унија за финансиска и воена помош на Украина, изјавил претседателот на Собранието Талат Џафери на […]

„Политика“ го нарече „фашистички марш“ отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“


Најстариот српски весник „Политика“ го опиша како „фашистички марш“ отворањето на  Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.  Текстот е  насловен: „Бугарската субверзивна активност на фашистичките колаборационисти ги налути Македонците“. „Дури 77 години по победата над фашизмот во Северна Македонија, ова зло од минатото стана топ тема. ‘Добрососедската’ држава испрати своја делегација во Северна Македонија, составена […]

Могерини: Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија


Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Соверна Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Северна Македонија наскоро […]

Помошник државната секретарка Донфрид во посета на Македонија


Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска ќе ја посети Северна Македонија во рамки на која ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровскаи и со нејзиниот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите […]

Димитров: Мора да се бориме за вистинска европска игра


Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров по посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји кој не даде изјава за медиумите по средбите со македонскиот државен врв во Скопје порача дека е важно претставниците на институциите од Брисел кога доаѓаат на Балканот да имаат контакти со јавноста, а не само со политичарите. Димитров синоќа во гостување на […]

Мицкоски од Вархеи побарал ЕУ итно да ги почне преговорите со Македонија


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска му рекол на еврокомесарот Оливер Вархеи дека преговорите на ЕУ со Македонија треба да почнат веднаш. Средбата на вархеи со Мицкоски беше една од неколкуте со партиските лидери и се одржа во македонското Собрание. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакнал дека Македонија има направено бројни отстапки за да […]