ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Талат Џафери


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери.

-По вчерашниот ден, во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како  Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков деловник и пред се крши основни човекови права.

Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом.Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја навредуваше  и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.