Aнџела Прајс Агелер предлог за нов амбасадор на САД во Македонија


 

Белата куќа објави список со имиња кои ќе се номинираат за амбасадароските места на САД во неколку држави, меѓу кои и во Македонија. Kандидатка за таа позиција во нашата држава е Анџела Прајс Агелер, која еднаш веќе служеше во Македонија на друга позиција. Доколку биде потврден предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, Агелер ќе ја замени актуелната амбасадорка Кејт Мери Брнз. 

Агелер во минатото била на дипломатски задачи во амбасадите во Франција, Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, Индија, а работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија, како  портпаролка на Бирото за конзулни прашања во Стејт департментот. Таа сега е заменик-шеф на амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан.

Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и наградата за помошник секретар за извонредност и наградата „Милдред Синклер“ за јазик. Дипломирана на Универзитетот во Јута, зборува француски, македонски и малку хинду.