Собранието ќе ја продолжи 64-тата седница


Собранието денеска ќе ја продолжи 64-тата седница на која трет ден на дневен ред е Предлог-одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движење Беса од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од опозицијата вчера во расправата обвинуваа за преседан со кој власта го крши собранискиот Деловник и Уставот на […]

На 5 ноември ги добивме информациите дека Русија се подготвува за инвазија на Украина


Сега се покажува колку беше битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само во Донбас, ние што сме овластени да ги примаме тие информации преку НАТО механизмите, ги добивме на 5 ноември минатата година, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој нагласи дека […]

Декларацијата за Гоце Делчев е непотребно политизирање, смета претседателот Пендаровски


Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања. -Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави,  заедничкото чествување на историски […]

Пендаровски го назначи Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во ООН


Претседателот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, потврдија за МИА од кабинетот на Пендаровски. Инаку, уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побарало од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже […]

Маричиќ: Постои можност за забрзување на евроинтеграцискиот процес


Сега е добра можност да се забрза процесот на евроинтеграциите, бидејќи оваа ситуација на долгогодишно чекање не им оди во прилог ниту на ЕУ, ниту на нас, рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24. – Европската Унија треба да влезе похрабро во политиката […]

Мицкоски ги обвини Пендаровски, Ковачевски… дека пишувале статуси за поддршка на само една страна во војната


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш повтори дека е за зачувување на територијалниот интегритет на Украина и за поддршка на мирот, но избегна директно да спомене дека во моментов се случува инвазија на Русија врз истата таа Украина. Според него, власта го прогласила народот за проруски, а тој е „промакедонски“. Според официјалниот транскрипт на […]

Османи: Руската агресија врз Украина е директно кршење на човековите права


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, учествуваше на 49-та сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, како дел од Сегментот на високо ниво. На сесијата која трае од 28 февруари до 2 март, учествуваат шефови на влади и држави, како и министри за надворешни работи, со цел да се реафирмира важноста […]

Милевски – Брнз: Неприфатливо е во 21 век прашањата да се решаваат со војна


 Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз. На средбата тој изрази загриженост за настаните во Украина, но и очекување дека Декларацијата за поддршка на оваа земја ќе биде безрезервно поддржана во Парламентот. -Целосната и безрезервна поддршка на САД на демократските вредности за нас е многу важна, […]

Втор ден расправа за разрешувањето на Зендели


Пратениците денеска втор ден расправаа за Предлог-одлуката за разрешување член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија. Согласно Деловникот на Собранието, како што се наведува во предлогот, врз основа на бројот на пратеници, во оваа комисија на Движењето Беса не му следува член во Комисијата и се предлага […]

Иницијативите во Уставниот суд за Талат Џафери немаат правна сила


Уставните судии по речиси пет години од кога Талат Џафери беше прв пат избран за претседател на Собранието, денеска дискутираа за иницијативите поднесени од неколку правни субјекти кои ја оспоруваат ова Одлука. Судијата известител Насер Ајдари, во своето излагање на денешната седница на Уставниот суд, посочи дека иницијативите за изборот на Талат Џафери за претседател […]

Со 400 амандмани ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира разрешувањето на Фадил Зендели


  Денеска ќе продолжи вчера започнатата расправа за разрешувањето на пратеникот на Беса, фадил Зендели, од Комисијата за избори и именувања но што ќе се случува на собраниската седница е нејасно. ВМРО-ДПМНЕ поднесла над 400 амандмани, а Беса уште десетина против разрешувањето на Зендели.  Според информациите, Џафери веќе навестил дека амандманите ќе ги отфрли бидејќи не […]

Османи разговараше со Ескобар, очекуваат јасна осуда од страна на Кина


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во кој остро ја осудиле руската инвазија на Украина и дале поддршка за територијалниот интегритет на земјата. МНР соопштува дека во рамки на разговорот, „беше поздравена светската осуда на воената инвазија, […]

Продолжува расправата за разрешување на Фадил Зендели од Комисијата за прашања на избори и именувања


Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 64-тата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за разрешување членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели од БЕСА, поднесена од пратениците Талат Џафери, Јован Митрески, Горан Мисовски, Диме Велковски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Даниела Николова, Боби Мојсоски, Панчо Минов, Марија […]

ЕУ да не го остави Западен Балкан како отворено прашање, итно да се одблокира почетокот на преговори со Скопје и Тирана


Европската Унија треба ургентно да го деблокира почетокот на преговори со Северна Македонија и со Албанија и не смее да дозволи Западен Балкан да го остави како отворено прашање и отворена рана, порача вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи, во контекст на кризата во Украина и колку е реално тамошната ситуација да се прелее на […]

Декларација за поддршка на територијалниот интегритет и воена помош за Украина


Пратениците најавија Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, каде државава, според  Министерството за одбрана, ќе испрати воена помош, но не и војници. И во текот на вчерашниот ден продолжија активностите за извлекување на нашите граѓани од Украина, како и подготовките за евентуален бран бегалци од таа држава. Во меѓувреме Министерството за надворешни работи […]

Во Собранието конечно почна расправата за разрешувањето на Фадиљ Зендели


  По целодневни надмудрувања околу дневниот ред вечерва во 20:30 часот конечно почна расправата за разрешувањето на пратеникот на Беса од Комисијата за избори и именувања. Пратениците на опозицијата со многу процедурални забелешки, па и остри дискусии и доаѓање до пултот на спикерот, го одвлекуваа почетокот на расправата и по неколку паузи претседателот на Собранието, […]

Брнз: Македонија е одговорна членка на меѓународната заедница


Северна Македонија е НАТО-сојузник и одговорна членка на меѓународната заедница, и им се придружи на САД и на другите во осудата на бруталната руска агресија и активната војна во Украина, изјави амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз. -Кога сме на темата Украина, Северна Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи […]

Разрешувањето на Зендели ја изнервира опозицијата, Џафери даде пауза


Предлог-одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели предизвика бурна реакција на опозицијата, поради што седницата на Собранието е времено прекината и остана неизгласан дневниот ред.  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на спикерот Талат Џафери дека четири минути пред почетокот на седницата, на […]

Ковачевски: Северна Македонија не е повеќе хибриден режим според „Економист”, тоа е поттик за нас


Премиерот Димитар Ковачевски, на маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, се сретна со директорката за Европа во Одделението за истражување на „Економист“ (Economist Intelligence Unit) Џоан Хоје, која раководи со Индексот на демократија во светот што се спроведува секоја година. Според ова истражување за минатата […]

Талат Џафери ќе го смени Зендели за да ја одблокира Комисијата


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, планира да ја деблокира работата на закочената Комисија за избори и именувања, на тој начин што ќе предложи разрешување на Фадиљ Зендели од Беса. За потсетување, опозицијата доби мнозинство во Комисијата со Зендели, откако Беса ја напушти власта и премина во опозиција. Сепак, тој одби да се повлече од функцијата […]