За бугарските социјалисти нема потреба да се крева ветото

Кристијан Вигенин, потпретседател на собранието, вели дека ситуацијата е непријатна за Македонија, а уште повеќе за Бугарија


 

Темата за ветото на Бугарија за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ не треба да политички да се злоупотребува, но во овој момент нема потреба тоа да се крене, вели вискиот член на Бугарската социјалистичка парти (БСП), Кристијан Вигенин, ко е и потпретседател на бугарското собрание.

Според него, требало да се остават настрана тврдите емоционални ставови. Вигенин, кој е поранешен министер за надворешни работи, вели дека ситуацијата е непријатна за Македонија, а уште повеќе за Бугарија.

„Тоа е сериозна тема која често се претвора во објект на политички злоупотреби од секаков вид. Апелирам до сите што имаат став по оваа тема да се обидеме да го оставиме на страна тврдиот емоционален став, колку и да е тешко тоа, да ги оставиме на страна обидите за трупање политичка дивиденда на една тема која има стратегиско значење за Бугарија и да го бараме возможното решение. Затоа што ситуацијата во која сме во моментов е тврда и непријатна и за РСМ и особено за Бугарија“, вели Вигенин.

Но без оглед што тврди дека ситуацијата е непријатна за Бугарија и дека таа не  може да го држи ветото, Вигенин нагласува дека за неговото кревање требало да се исполнат целите на Софија, без да ги спомене загриженостите на Скопје. А тие цели, вели Вигенин, се: правата на Бугарите во РСМ, заедничка историја врз основа на факти и документи, говорот на омраза. Па бидејќи ништо не било остварено од тие цели Бугарија не треба да го крене ветото.

Тој како член на Социјалистичката партија предлага некаков патоказ со кој притисокот ќе се префрлел врз Mакедонија: „Врз база на Договорот за добрососедство да се бара некаква мапа со временски рамки, што треба да се направи краткорочно пред преговорите и што долгорочно, по преговорите. Тоа треба да го иницираме ние и тогаш притисокот нема да биде врз нас туку врз РСМ на тие работи на кои ние инсистираме. Треба да се види колку од барањата на Бугарија можат да се претворат во европски барања и националниот став кон РСМ“. Вигенин вели дека тоа не можело да се смени во кус рок, можеби за една година, но ако се видело дека и Софија и Скопје и ЕУ имаат некоја иницијатива тоа бил јасен сигнал дека нешто се случува.

И тој како и други актери во владината коалиција смета дека нема потреба од нова средба кај претседателот Румен Rадев, како што побара премиерот Кирил Петков. Ниту пак дека бугарското собрание треба да носи нова декларација околу Mакедонија.