Тошко Јорданов: Неколку земји на ЕУ притискаат за Македонија


Претседателот на пратеничката група на партијата Има таков народ во Бугарија , Тошко Јорданов, и по одржувањето на  коалицискиот совет не е сигурен дека нема да има изненадување околу ветото за Македонија. 

„Следејќи го коалицискиот совет за Северна Македонија, со ваков тип на коалициски партнери, не можеме да бидеме сигурни дека нема да има никакво движење околу Северна Македонија“, изјави тој за Нова телевизија .Тошко Јорданов.

Синоќа четирите партии од коалицијата разговараа за ова прашање, а по средбата беше најавено дека евентуалното укинување на ветото за членство на земјата во ЕУ нужно ќе помине преку гласање во Националното собрание.

Тошко Јорданов посочи дека „Продолжуваме со промените“ си дозволиле да прават работи и да разговараат за Северна Македонија, што не требало да го прават. Тој рече дека зборувале со европски дипломати и давале ветувања до нив во последните 4 месеци. Јорданов истакна дека притисокот за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија со ЕУ доаѓа од неколку земји од ЕУ, но одби да прецизира кои се.

„Работиме врз основа на потпишан коалициски договор. Ако го почитуваат – нема проблем. Ако не го почитуваат – последиците ќе бидат кај нив“, рече пратеникот на ИТН. Според него, идејата на „Демократска Бугарија“ да го придвижи билатералниот процес напред доколку Европската комисија преземе гаранции во рамките на преговарачкиот процес дека бугарските барања ќе бидат исполнети, е тешко остварлива.

„Тоа е тешко да се спроведе во пракса. Тоа се политички, а не реални очекувања“, рече Јорданов.

Запрашан од каде знаел за разговорите со европските дипломати, Јорданов одговори дека тоа го видел  од преписката меѓу министерствата.

„Плус, не е дека и ние не сме разговарале со европските дипломати, а тие ни кажале што им било кажано и што имаат намера да направат. И тоа е сосема различно од она што го прави Министерството за надворешни работи“, рече Јорданов. Според него бил направен обид да се заобиколи коалицискиот договор и да се започне процесот за влез во РСМ без никакви практични гаранции за спроведување на договорот потпишан меѓу двете земји.

„Со овие коалициски партнери, додека не помине јуни, не можам да кажам што ќе прават“, додаде Јорданов.

И бугарските партнери и ЕУ вршат притисок врз Бугарија да го укине ветото за Македонија, тврди Јорданов. Според него, една од причините зошто брзаат е тоа што поради војната во Украина некако мораме да се прекинеме руското влијание во РСМ.

„Од друга страна, ако ја оставиме безусловно да го започне процесот, оваа влада ќе си замине, но може да дојде друга со многу силно руско влијание. На крајот, ЕУ треба да одлучи која би била најголемата штета во овој случа“, порачува тој.