Џафери нема да се извини, одговорноста ја префрли на вработените

Службениците во Собранието се најдобро платени од сите институции, а пак не ја завршија работата како што треба, се правда Џафери


Фото: Б. Грданоски

Џафери потврди дека е покрената соодветна процедура во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и материјалот е процесуиран, но не сакаше да коментира дали има основа за негова суспензија.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да води сметка за тоа што тие направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс на Собранието”, вели Џафери. (Н.В.)