Радев го предупредува Петков


„Колку повеќе владата се придржува до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени од Националното собрание и последниот Консултативен совет за национална сигурност, колку повеќе ги слуша Бугарите во нашата земја и во Република Северна Македонија, колку поодговорно се однесуваме како  членка на Европската унија и  се придржуваме до вредностите на Унијата, толку полесно ќе ни биде во политиката и одлучувањето за PCM.

КСНС е тело за олеснување на дијалогот и барање заедничко решение за важни национални цели. Во однос на PCM, постои не само широк , туку и силен национален консензус. Властите  треба да бидат свесни за ова. Доколку се наруши дијалогот во самата владејачка коалиција, мора да се разјасни кои се причините“.

Ова денеска на новинарите им го коментираше претседателот Румен Радев, откако премиерот Кирил Петков побара од него да го свика Консултативниот совет за да расправа за Македонија.  Претседателот праша дали има промена во позициите на европските партнери по ова прашање и дали има напредок од страна на РС Македонија во спроведувањето на договорот. ТОј притоа не одговори директно дали же одговори на барањето на Петков за свикување на ова тело.

„За овие прашања треба да го слушнам премиерот“, рече Радев и уверуваше дека ќе продолжи да се занимава со историјата и културата и  дека ќе работи за правата на Бугарите во РСМ.

„Нашите браќа во РСМ да добијат гаранции за одржлив и неповратен процес на интеграција. Побргу да се ослободиме од идеолошките окови на тоталитарното југословенско минато и конечно тамошните политичари да ги отворат перспективите за долгоочекуваната европска иднина“, додаде Румен Радев.

 Според него, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење. 

„Не може да се преговара ниту за интеграција на Република Северна Македонија, ниту за воздушниот суверенитет на Бугарија. За човековите права нема пазарење“, рече Румен Радев. 

Во пресрет на средбата на премиерот Кирил Петков со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Рим се јави уште еден бранител на статус квото и преставник на бившите безбедносни структури, Ангел Димитров, како претседател на бугарскиот дел од Историската комисија.  Тој редовно ја коментира работата на ова тело практично работејќи во корист на претходната владеечка структура.

Според него, Бугарија не смее да дозволи притисок околу ова прашање, туку мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и , без разлика дали некој ги прифаќа, мора да ги брани.

Околу заедничките празнувања на светите браќа Кирил и Методиј, тој  потсети дека уште во 1999 година во Рим заедно биле  двајцата премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Потоа имало заедничко поклонување од страна на премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев. „Но, по 2018 година нема заедничко оддавање почит, иако двете делегации се таму. Има само средби, но секоја земја поединечно ја изразува својата почит“, додаде историчарот.

Тој рече дека бугарската страна дала предлог за заедничка прослава во Комисијата.

„Она што успеавме да го постигнеме  беше еден од ретките успеси. Кога зборуваме за светите браќа, важно е да се нагласи улогата на бугарската држава и на владетелите – принцот Борис и цар Симеон I – за создавање и развој на културата создадени од светите браќа“, изјави  Димитров за БНТ.

Коментирајќи ја генерално работата на заедничката комисија, тој и натаму оцени дека нема значителен напредок.

„За да одговориме на желбата за нов почеток, побарана од премиерот Кирил Петков, договоривме со колегите од Скопје да одржиме три средби од февруари до мај. Освен малиот чекор околу кралот Самуил, нешто што дури и не заслужува посебно внимание, нема ништо ново. Напредокот повторно е запрен“, рече  Димитров.

Тој нагласи дека проблемот е што македонските историчари се трудат да не ја прифатат  заедничката историја.

„Кога не прифаќате постоење на историски феномен, тогаш се создава отпор против спроведувањето на самиот Договор за пријателство и добрососедство. Во обидот да не се зборува за заедничка, туку за споделена историја, што е нешто поинакво, тогаш се бега од желбата да се  направи сериозна критичка анализа на сопственото минато“, вели историчарот.

Според него, заедничката историска комисија има важна задача да надмине некои хипотеки од минатото, не поради самата наука, туку поради последиците што ги имаат тие и неточните толкувања. Овие последици, смета тој,  се поврзани со омразата кон Бугарија и Бугарите негувана во РСМ.

„Работата на комисијата е важна бидејќи барем ќе се зборува за минатото во РСМ, каде што тоа не се правеше. Таа е катализатор за решавање на политичките прашања, политичарите ќе ја донесат одлуката, но не и историчарите… Мора да се сретнеме со нашите колеги, не можеме да очекуваме само Бугарија да прави некои гестови и чекори. Проблемите се во РСМ. Катарзата мора да се одвива во РСМ, бидејќи се уште немало критичка анализа на сопственото минато“, вели Димитров.