(ВИДЕО) Уште шест новозаболени во Македонија


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се детектирани уште шест новозаболени од корона грипот во Македонија, од кои едено лице што допатувало од странство а другите во Дебар.Со тоа бројот на регистрирани случаи се искачи на 19, од кои една пациентка е веќе излечена. Петмината од новозаразените од Дебар се со лесна клиничка слика […]

Нема веќе чекање, изборите мора да се одложат


Делува необјасниво чекањето на политичките партии да виделе како ќе се развива ситуацијата со епидемијата на Ковид-19, па идната недела пред самиот почеток на изборната кампања, да одлучат дали треба да се одложат изборите, а во меѓувреме да ги замрзнат сите политички активности. Во некоја рака, има логика во одолговлекувањето на партиите да се одлучат […]

(Фото) Скопјани не му одолеаја на убавото и сончево време


Додека некои денешниот ден го искористија да ги пополнат домашните залихи во супермаркетите, други излегоа на прошетка во Градскиот парк. Поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, познатата скопска шема е на 14-дневна пауза. Кафеаните беа полупразни, растојанието меѓу масите е зголемено, па отсуствуваа карактеристичните метежи. За среќа, времето беше топло, па Градскиот […]

Меѓу четирите пациенти од Дебар има и 15 годишно момче


Во нашата земја во моментов има 12 лица кај кои е дијагностициран корона вирус, изјави на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Од нив на Клиниката за инфективни болести се осуммина, плус првата жена која беше примена и која веќе не е позитивна на вирусот и таа во понеделник ќе замине на домашно лекување. […]

(Фото) Опусте Сити мол


И Сити мол опусте. Вака изгледа денес напладне најфреквентниот шопинг центар во Скопје пред неофицијалните најави дека и тој ќе се најде на листата за затворање.

Во  Дебар и Центар Жупа мирно, институциите на терен


Состојбата во Дебар и во Центар Жупа каде што е прогласена кризна состојба поради коронавирусот ноќеска и претпладнево е мирна, без никакви инциденти и движење на населението. Преземени се сите мерки и активности за справување со ширењето на коронавирусот, а сите институции и експерти ангажирани за спроведување на акцискиот план за имплементација на одлуката за […]

Спасовски: Бидете солидарни, оставете средства за дезинфекција и за другите


Производството на средства за дезинфекција се прави и тука во државава. Факт е дека има зголемена побарувачка во овој момент. Производството на ваквите продукти се одвива и во текот на вчерашниот ден имаше дистрибуција по аптеките во Скопје и во другите градови. Ова денеска на прес-конференција во Владата го истакна премиерот Оливер Спасовски, кој рече […]

Нема шопинг и отворени казина и во Грција


Трговските центри, кафулињата, баровите, ноќните клубови, сите угостителски објекти, библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти, салоните за убавина, студијата за тетовирање, казината и обложувалниците, кината и театрите, луна паркови, борделите, од денеска ставаат клуч на врата во Грција во следните 14 дена со одлука на грчката Влада да ги заостри мерките и да спречи […]

Се журкале на Водно, полицијата ги растерала


Надлежните апелираат до сите, а особено до младите, да ги почитуваат владините мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. Од МВР информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на поголеми групи луѓе јавни простори. Припадници на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден интервенирале за расчистување на поголема група млади на Водно. […]

Европските земји ги затвораат границите поради корона вирусот


Се повеќе европски земји поради ширењето на корона вирусот ги затвораат своите граници и најавуваат нови рестриктивни мерки во следните денови. Македонската влада донесе одлука да се затворат граничните премини Џепиште – Требиште и Блато кон Албанија. На официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка стои соопштение во кое се информираат граѓаните дека Република Србија ги […]

Можно затворање и на шопинг моловите и границите


Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше […]

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато


Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во […]

Изборните листи на коaлицијата на СДСМ


Изборна едница 1 НИКОЛА ДИМИТРОВ МИЛА ЦАРОВСКА ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ МОНИКА ЗАЈКОВA ДАРКО КАЕВСКИ ГОРАН МИСОВСКИ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ МАРИЈА ГЕОРГИЕВСКА МИРОСЛАВ БОГДАНОВСКИ СНЕЖАНА КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА ДАНИЕЛА НИКОЛОВА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ФЕРАТИ ВАХИТ БИЉАНА ГЕОРГИЕВСКА ФЕЈЗУЛА ЈОНУЗ НАТАЛИЈА СПИРОВСКА ДАЛИБОР БОГДАНОВСКИ БОЈАНА АЦЕВА   Изборна единица 2 ОЛИВЕР СПАСОВСКИ САЊА ЛУКАРЕВСКА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ДАНИЕЛА МАРКОСКА […]

Од понеделник учениците и децата ќе учат преку МРТВ


Основците и децата на претшколска возраст од понеделник ќе имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките, кои пак, се привремено затворени со одлука на Владата како дел од мерките за заштита на јавното […]

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи


Владата одлучи да прогласи кризна состојба во Општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата на тројцата заболени од Дебар е тешка, а кај една пациентка дополнително се влошила. Филипче рече дека е на граница да биде поставена на механичка респирација. Дополнително четири нови случаи има заболени од корона вирус во […]

Пендаровски: Нема да е крај на светот ако се одложат изборите за месец, два


Кампањата за изборите може да се води дигитално, но 30.000 луѓе од администрацијата се вклучени во процесот и затоа имам резерва околу денот на избори, порача денес на прес конференција претседателот Стево Пендаровски, потсетувајќи дека досега немало спроведување на избори во услови на епидемија. – Јас не сум надлежен за одлуката за избори, но сериозно […]

(Во живо) Пендаровски: Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори на 26 март


Претседателот Стево Пендаровски соопшти денес дека, според негови информации, Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори на 26 март. Консултациите во Брисел се завршени и прашањето на 18 март ќе се најде на расправа пред амбасадорите, а на 26 март лидерите ќе ја донесат одлуката. Идната недела, според претседателот, се најавени посети на претставници […]

Ќе се стави ли Дебар во карантин?


Дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот се препорачуваат во општина Дебар и Центар Жупа, согласно заклучоците на Владата од последнта седница, а по преземените мерки и извештајот што треба да се достави до крајот на денот, Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и […]