Можно затворање и на шопинг моловите и границите


Фото: Б. Грданоски

Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше на прашања на граѓаните.

-Мора да се почитуваат мерките. Ова воошто не е шeга, се работи за здравјето и животот на сите нас. Има фаза на болеста кога и да е заразен човек, да нема никакви симптоми, фазата на инкубација. Мора да се свесни луѓето. Тоа е клучот на застанување на патот на ширење на вирусот, рече Филипче.