(Во живо) Пендаровски: Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори на 26 март


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски соопшти денес дека, според негови информации, Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори на 26 март.

Консултациите во Брисел се завршени и прашањето на 18 март ќе се најде на расправа пред амбасадорите, а на 26 март лидерите ќе ја донесат одлуката.

Идната недела, според претседателот, се најавени посети на претставници од Брисел да ни соопштат детали околу процесот. Тој потврди исто така дека е откажана свечената церемонија во Стејт департмент во Вашингтон на која требало да присуствуваат генералниот секретар Јенс Столтенберг и Мајк Помпео, државниот секретар на САД.

Пендаровски соопшти дека изминатите денови имало обиди за организирано ширење лажни вести во земјата за да се влоши ситуацијата користејќи ја епидемијата со корона вирусот. Обидите биле детектирани од нашите органи, соопшти Пендаровски, дополнувајќи дека станува збор за неколку случаи од истите ентитети кои пројавиле вакви активности за време на референдумската кампања.

(С.Ј.)

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/206896623996674/