(ВИДЕО) Уште шест новозаболени во Македонија

Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се детектирани уште шест новозаболени од корона грипот во Македонија, од кои едено лице што допатувало од странство а другите во Дебар.Со тоа бројот на регистрирани случаи се искачи на 19, од кои една пациентка е веќе излечена.

Петмината од новозаразените од Дебар се со лесна клиничка слика и нема да бидат транспортирани во Скопје.Шестиот нов заразен со коронавирус е патничка што се вратила од Шпанија.

Министерот порача дека со седење дома се помага да се зачува јавното здравје и се става рампа на ширењето на овој вирус.