Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи


Фото: Б. Грданоски

Владата одлучи да прогласи кризна состојба во Општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Состојбата на тројцата заболени од Дебар е тешка, а кај една пациентка дополнително се влошила. Филипче рече дека е на граница да биде поставена на механичка респирација.

Дополнително четири нови случаи има заболени од корона вирус во Дебар, кои ќе бидат пренесени на Клиниката за инфективни болести.

Со воведувањето на кризна состојба во овие општини, се ограничува движењето на жителите надвор од тие општини.

Уште еден патник кој дошол од Германија, преку аеродром, е суспектен дека е заразен од корона вирус, кој е излоиран, а изолирани се и сите кои биле околу него, соопшти Филипче.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.

Од деветте пациенти една е од Скопје, и седум се од Дебар, од кои двајцата се брачниот пар, пет што дојдоа дополнително и четворицата од денеска.

Во изолација од првата група од 21 лица кои се сопатниците и досега кај нив нема симптоми, од втората група во изолација од 24 лица, 10 покажале симптоми, и четири се хоспитализирани.