Уште пет лица починаа од Ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот фејсбук профил соопшти дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на […]

Интервју со Владимир Глигоров: Се работи за болест, не за крах на системот


Мирче Јовановски Македонија е во подобра положба за побрзо излегување од кризата од другите земји во регионот. Нејзиниот најголем проблем е сиромаштијата, вели познатиот економист Владимир Глигоров во интервју за „Независен“   Да се сочуваат вработените и претпријатијата, како и јавните служби, но и да се почитуваат финансиските обврски, се дел од приоритетите во економската […]

(Видео) Околу 15.000 отпуштени угостители, а бројот ќе се зголемува


Туристичко угостителската комора на Македонија на прес-конференција објави дека илјадници угостителски објекти кои се дел од оваа комора нема да ги користат мерките на владата бидејќи тоа ќе значи нивно дополнително задолжување, што, како што велат, никој од нив нема да може да го издржи. Од таму кажаа дека околу 60% од вработените 29 илјади […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните по селата си работат


Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарници и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот […]

Во Општата болница во Охрид шест лица со симптоми на Ковид-19


Новопоставенот директор на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата. – Формиран е кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран […]

Од утре нови мерки за ограничено движење


Потврден коронавирус има кај 570 луѓе во земјава, од кои 239 се од Скопје. По поминати 24 часа, до вчера во 15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца починати. На Инфективната клиника починаа 40-годишен жител на Кочани и двајца тетовци – на 69 и на 65 години. За спречување на ширењето на […]

Њујорк размислува мртвите привремено да ги погребува во паркови


Мртовечниците се преполни, станува невозможно и справувањето со мртвите тела. Ерозија на поддршката на Доналд Трамп   Додека бројот на загинати од корона вирус во САД се искачи на 10.500, еден официјален претставник на Њујорк предупреди дека може да се воспостават привремени погребни места во градските паркови, а новите анкети покажуваат ерозија на јавната доверба […]

(Галерија) Со сонцето стигнаа и новите мерки


По снег и дожд, Скопје денес го огреа сонце, а стабилното време со температури околу 20-от степен ќе се задржи во текот на целата недела. Со топлото време кое ги извади Скопјани надвор и покрај апелите да се остане дома, стигнаа и новите мерки со цел да се успори ширењето на вирусот. Од среда 8 […]

(ВИДЕО) Премиерот Спасовски ги најави новите радикални мерки


Премиерот Оливер Спасовски ја потвди информацијата дека на целата територија на земјата се воведува тотален полициски час во текот на викендите, дека тоа ќе се однесува и за  Велигден кој ќе се слави од дома и дека се скратува времето за слободно движење во текот на работните денови – место од 21 часот како досега, […]

Нова мерка: Нема излегување од дома во викенд


Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде ограничено од 16 до 5 часот. Преку викендите, полицискиот час ќе биде во сила нон-стоп, односно 24 часа. Веста ја потврди вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи, пред да излезе со соопштение Владата. Според него, кризните мерки во […]

Сијарто: Ќе се обидеме најдоцна во јуни Македонија да ги почне преговорите со ЕУ


И честитам на Северна Македонија што минатата недела доби согласност за започнување на преговорите со ЕУ и што станавте 30-та членка на НАТО. Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори. Ние многу добро знаеме колку […]

Сијарто донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе заштитна опрема за борба против КОВИД-19, како помош за нашата земја. Сијарто допатува во Скопје со специјален воен карго авион директно од […]

Како да се негуваме во корона-криза : Магдалена Медичи има совети за домашни услови


Лејла Сабит  Во услови на корона-криза е задолжителна хидратација на лицето- со производите кои ги имаме на располагање, а шминката да се сведе на минимум. Какви креми за лице да користите ако по цел ден носите медицински маски, кои трикови со шминката ќе го освежат вашето лице, и кои третмани го деформираат лицето по долго […]

Дали летните жештини ќе помогнат да се победи Ковид-19?


Научниците немаат вистински одговор дали новиот корона вирус ќе се однесува како другите вируси. Топлите денови можат да понудат само делумен одговор на нивните дилеми   Топлото време што наскоро ќе дојде ќе изврши притисок врз властите што се обидуваат да ги контролираат народот и собирите во државите. Но научницит, исто така, веруваат дека топлото […]

Фаучи: Нема докази дека лекот за маларија помага против корона вирусот


Главниот советник за корона вирус на Доналд Трамп повторно предупреди дека не постојат научни докази да се поддржи употребата на лек против маларија, за кој претседателот притиска како можен лек за Ковид-19. Во неповрзан, непријателски брифинг во Белата куќа во саботата, Трамп ги повика Американците загрижени за вирусот да пробаат hydroxychloroquine, лек кој се користи […]

Стигматизацијата во времето на вирусот мора да биде казнета


Неколку случаи во државава во кои се оцрнуваа наводно заболени од корона вирусот предизвика гнев во јавноста. Но за да се спречи стравот да не предизвика насилно однесување тие што стигматизираат мора да бидат казнети   Билјана Богдановска Не се однесуваме рационално во време на кризи, па стигматизацијата на луѓето со Ковид-19 е очекувана појава, […]

Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, посмртно е земен тест за корона


Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, починала денес на Клиниката за пулмологија, каде што претходно била хоспитализирана. Во текот на изминатата година била во тешка здравствена состојба. „Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми […]

Филипче: Влегуваме во критична фаза


Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за […]

Рапиден раст на новозаболени, денеска 72 нови и еден починат


За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 […]

Илјадници лекари заразени со коронавирусот во светот, над сто умрени


Институтит  „Роберт Кох“ од Германија објави денес дека со коронавирусот се заразени 2.300 лекари и негуватели во оваа земја. Тој број би можел да биде и поголем, бидејќи овие податоци ги опфаќаат само вработените во болниците, а не и во лекарските ординации, лабораториите, домовите за стари лица и амбулантите. Германија не е единствената која се […]