ЕУ договори специјален „корона пасош“


Министрите за туризам на ЕУ денеска се согласија на видео конференција да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки, јави ДПА.

Денешната сесија се фокусираше на состојбата на европскиот туризам, ефектите од пандемијата и мерките и условите за пристигнување на туристи, а хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, рече дека документот, кој некои го нарекоа корона-пасош, се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од протоколот кога се патува.

Според  Капели договорено e дека треба да постои заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите.

Туризмот сочинува 10 до 11 отсто од БДП на ЕУ и вработува 12 отсто од вкупно вработените. Клучен е за зајакнување, односно спасување на националните економии  – рече Капели, цитирајќи примери на други земји покрај Хрватска, како Италија, Шпанија или Грција.

Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за воспоставување коридор за туристички сообраќај, тој се надева дека ќе се постигне договор до крајот на мај, ако не и во заедничка област, тогаш билатерално со заинтересираните земји.