Пендаровски најавува лидерска средба во првата половина на мај


Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.
Како што потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот, на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.
– Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот, изјавија за МИА од Кабинетот на претседателот Пенадровски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието.