Скрининг без епидемиолошка анкета бил правен на членовите на Кризниот штаб во Куманово


На членовите од Кризниот штаб во Куманово им биле земани брисеви заведени како скрининг, со што е прекршен Законот за заштита на населението од заразни болести, а прекршок има и што брисеви се земани во просториите на Општина Куманово.

Како што појасни директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова – Бухова, брисеви биле земани на 26 март и на 12 април. И двата пати не била спроведена епидемиолошка анкета, а епидемиологот кој го спровел тестирањето во изјавата рекла дека спровела скринин. Бухова појасни дека тестирање и скрининг не може да се спроведе без дозвола од министерот за здравство.

На првиот скрининг биле тестирани 28 челнови на Кризниот штаб, при што сите тестови биле негативни, а вториот пат биле тестирани 38 лица, при што петмина биле позитивини.

Д-р Сотирова – Бухова појасни дека просториите на Општината се сосема несоодветни за земање брисеви, со што уште еднаш е направен прекршок во овој случај.

Инаку, со тестирањето се утврди дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е заболен од ковид-19, како и еден член задолжен за ЦУК.

Бидејќи другиот ден по добивањето на резултатите тие остварија средба со премиерот, министерот за здравстви и други високи членови на владата тие можраше да бидат ставени во самоизолација.