Оздравени 126, позитивни 19, а починале две лица


Фото: Б. Грданоски

Нови 19 случаи на лица позитивни на коронавирус и 126 оздравени се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Во истиот период починале две лица заболени од Ковид-19, информираат Министерство за здравство.

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип – 1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово – 72. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73-годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа: во Скопје 3, Куманово 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1, Виница 1, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386. Според градови тоа изгледа вака: Скопје – 471, Куманово – 371, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп –141, Тетово – 73, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар – 15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово – 1 и Виница – 2.

Од направените 335 теста преку ИЈЗ се изработени 290, Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, „Биотек“ – 25, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 0, „Систина“ со PCR метод  – 15 и МАНУ – 5 .  Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив, пет се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кислородно зависни. Останатите пациенти се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“, примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а вкупно на респираторна машина се седум лица.

Во Болницата во Битола се лекуваат седум пациенти, од кои еден пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани два пациенти, а на домашно лекување се следат девет пациенти и нивната состојба е стабилна.