Пратениците, судиите, обвинителите нема да земаат минималец


Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да бидат на минималец туку и натаму ќе земаат целосна плата. Ова е одлука на Уставниот суд пред кој ги поништи уредбите на Владата.

На денешната седница е донесена одлука и за поништување на Уредбата со која се предвидуваше исплата на платите на вработените во СЈО, а се поништи и кратењето на додатоци и надоместоци за плата на вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Останува да се види дали тие ќе покажат солидарност и сами да се откажат од високите примања за два месеци, како што направија некои бизнисмени во земјата.