Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК


Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот time.mk објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија. Најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за да се промени нешто во државата, […]

Епидемиолошката состојба под контрола – тврдат надлежните, нема потреба од рестрикции


Нови 137 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеа 131 лице, а починаа десет. Здравствените власти, сепак, епидемиолошката состојба ја оценуваат како генерално стабилна и сметаат дека засега нема потреба од рестрикции. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 64, потоа во Штип – 19, Струга – 14, во Куманово  и Тетово – седум, […]

Али Ахмети повикан да се јави во Хаг како еден од основачите на ОВК


Од Специјалното обвинителство изјавија за „Независен“ дека не споделуваат информации за нивната истрага   Специјалното обвинителство на Косово не сака да сподели информации за тоа зошто лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан во Хаг. На прашањето на „Независен“ кои се причините за повикот до Али Ахмети, Крис Бент од Специјалното обвинителство вечерва ни одговори […]

Министерот Бектеши позитивен на Ковид-19


Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска, и како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро. – Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека […]

Пендаровски: Прво консултации со партиите, а потоа доделување мандат за влада


Претседателот Стево Пендаровски планира да одржи консултации со политичките партии, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието. Шефот на државата во изјава за ТВ 21 вели дека консултациите со партиите ќе бидат одржани по конституирањето на Собранието. Според […]

Аеродром, Гази Баба и Чаир со повеќе од 200 активни случаи со корона вирус


  Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека три скопски општини имаат повеќе од 200 заболени од корона вирусот. Така во Аеродорм има 200, во Гази Баба 206, а Чаир предничи со 275 заразени. Повеќе од 100 заразени имаат Шуто Оризари, Студеничани, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Карпош и Центар. Активни случаи по општини […]

Додека Мицкоски е забрикадиран во палатата, се засилуваат повиците за промени


По Никола Попоски и Даниела Рангелова вчера, денеска Никола Тодоров и Сашо Мијалков повикаа на промени во ВМРО-ДПМНЕ   Промените во статутот не се поважни од изборниот пораз. Тоа е одговорот на критичарите на сегашново раководство на ВМРО-ДПМНЕ на неговиот обид да ја пренасочи расправата од изборниот пораз. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се обиде промените […]

Првпат по два месеца нема починати пациенти од Ковид-19, бројот на новозаразени и натаму трицифрен


По подолг период во земјава не е регистриран случај на починат пациент заболен од Ковид-19. Министерството за здравство вчера објави информација за нови 163 случаи и 69 оздравени пациенти со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се искачи на 9.412, а на оздравени на 4.940 лица. Бројката на починати засега останува на 432. Статистиката на […]

51 ден на респиратор: Како преживеа „Чудото Лари“


Тој го доби Ковид-19 токму кога пандемијата го погоди Њујорк, а неговата лична катастрофа ја одразува онаа на градот. Најлошото може да биде зад него. Урнатините не се   Во саботата на 28 март, Дон Кели доби телефонскиот повик со кој беше повикана во болницата да се збогува со нејзиниот сопруг Лари. Социјалниот работник за […]

„Успеавме“: Европските лидери стигнаа до договор од 750 милијарди евра за справување со корона кризата


Договор! Водачите на ЕУ се согласија рано утрото во вторникот за големиот план заеднички да позајмат 750 милијарди евра за да одговорат на пандемијата на корона вирусот, во која загинаа 135.000 луѓе во Унијата и ги исцеди економиите низ целиот континент. Фондот за обнова на ЕУ, кој ќе биде составен од 390 милијарди евра грантови […]

Засега мандатите остануваат исти, Собранието треба да се конституира до 4 август


На тричасовна седница, едногласно, членовите на Државната изборна комисија синоќа ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од политичките партии за предвремените Парламентарни избори. Оценка на членовите на ДИК беше дека приговорите се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од Левица немаа ниту потпис од овластен претставник. За барањата за рачно броење […]

Интервју со Ангел Димитров: Брзо да се формира влада што ќе се зафати со проблемите во стопанството


Текстилните фабрики се соочуваат со многу предизвици – намалени нарачки, но и отежнати услови на стопанисување, вели Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија и Претседател на одборот на директори во „Мода“ – Свети Николе. Тој најавува дека од утре ќе продолжи производството во „Мода АД“ и „Камотекс ДООЕЛ“, кои изминатите десетина дена […]

ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за изборите


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени […]

Повеќето луѓе со корона вирус не го шират. Зошто тогаш малкумина заразуваат многу?


  Растечките докази покажуваат дека повеќето заразени луѓе не го шират вирусот. Но, дали ќе станете супер дистрибутер на вирусот веројатно зависи повеќе од околностите отколку од биологијата   На една роденденска забава во Тексас на 30 мај еден маж, наводно, заразил 17 членови на неговото семејство со корона вирус. Читајќи извештаи како овие, можеби […]

Штип и Свети Николе стануваат темпирани корона бомби


Во Штип денеска има 60 нови инфекции на корона вирусот. Вирусот се прошири од конфекциите во контактите на нивните вработени надвор   Денешниот извештај од здравствените власти, дека во изминативе 24 часа се регистрирани 60 нови случаи на корона вирусот во Штип ги зголеми стравовите за тоа што се случува во регионалниот центар на истокот […]

ДИК се поправи: Пресмета дополнителни 1.416 гласачи и плус 98 неважечки ливчиња


Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок за исправка на технички грешки. Поточно информираат дека се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките од четвртокот доцна попладне по завршувањето на предвремените парламентарни избори. Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Па така, сега соопштија дека всушност […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент


Преговорите за формирање на новата влада ќе почнат по Илинден. Тогаш, согласно законските рокови, како што соопшти СДСМ, ќе стартува процесот на дефинирање коалиција. Европската унија очекува стабилна владина коалиција и силен Парламент. Тоа го порача вчера, преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел. – Имајќи го предвид […]

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини


Нови 164 случаи со потврден вирус Ковид-19 од 1.612 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа пет пациенти, од кои најмладиот на 35-годишна возраст од Скопје, кој се лекувал во ГОБ „8 Септември“. Од крајот на февруари, кога почна епидемијата во земјава, вирусот е потврден кај вкупно […]

Бројот на неважечки ливчиња е помал отколку на претседателските избори во 2019


Бројката на неважечки ливчиња не е причина за поразот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту за тесната победа на СДСМ. Причините се други   Оној што изгубил има право и на некоја солза, па макар и не се гледала. Така, денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција со единствена намена колку да се биде во контакт со […]

Странски медиуми: Победија проевропските социјалдемократи, претстојат тешки преговори за формирање влада


Проевропските социјалдемократи остварија тесна победа на парламентарните избори во Северна Македонија одржани на 15 јули и ќе се обидат да формираат нова влада, за што им претстојат сложени коалициски преговори, оценуваат странските медиуми во освртите и извештаите за изборите во земјава. Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека СДСМ на поранешниот премиер Зоран Заев освои 46 […]