(Видео) Хаос во Бејрут, народот излезе на улица по експлозијата


 

По силната експлозија којаго погоди Бејрут и однесе најмалку 149 животи народот излезе на улица да протестира против властите.

Демонстрантите се собраа пред парламентот каде полицајците повеќепати фрлаа солзавец за да ги растераат, пренесе Би-би-си.

Незадоволството на граѓаните на главниот град на Либан се јави откако се дозна дека тешката експлозија е предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат кој бил несигурно складиран уште од 2013 година во пристаништето. Многумина во Либан велат дека владината неодговорност довела до експлозијата во која загинаа најмалку 149 лица, а ранети се уште најмалку 5.000.

Либанските државни медиуми пренесоа дека неколку луѓе се повреденив о текот на протестите. Демонстрантите запалиле и помал пожар и со камења ги гаѓале полицајците, пренесе Гарцијан.

Експлозијата уништи цели населби во Бејрут, а се уште се трага по десетици исчезнати зак ои се верува дека се заглавени под урнатините.

Протестите се одржаа откако амбасадорката на Либан во Јордан поднесе оставка во четвртокот, наведувајќи дека „потполнате немарност“ на властите укажува дека треба да се смени водството.

Во телевизиското обраќање коие го пренесуваше либанската МТВ, амбасадорката рече дека не може повеќе да ја толерира неспособноста на владата.

Таа е втор функционер кој дава оставка по експлозијата.

Во средата и пратеникот Марван Хамадех поднесе оставка поради експлозијата.

Во четврток навечер бројот на жртви се зголеми на 149 соопшти Министерството за здравство, а се очекува тој број да расте додека спасувачите работат на потрага по исчезнати во урнатините.

Либанската државна новинаска агенција пренесе дека 16 лица се приведени во рамки на истрагата за експлозијата, која ја најави владата.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така го посети главниот град на Либан и рече дека потребни се длабоки промени во власта.

Тој повика и на меѓународна истрага за катастрофата, пренесе Би-би-си.