Ахмети: Договор со СДСМ уште нема, но одлуката ќе биде во корист на државата


Наместо средба со лидерите на парламентарните партии од албанскиот блок на повикот на Али Ахмети денеска се одзваа само новинарите, па она што требаше да биде сеалбанска состанок за одбележување на Рамковниот договор се претвори во прес-конференција. Наспроти забелешките од неговите политички конкуренти дека повикот на Ахмети бил без конкетна агенда, лидерот на ДУИ одговори […]

Пендаровски му го даде мандатот на Заев да формира влада


Претседателот Стево Пендаровски, и покрај пораките дека треба да чека да се конституира Собранието, му го даде денес мандатот да формира влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Обидот вчера да се опструира на некој начин оваа одлука така што ќе се свика седница и паралелно можеби ќе се „презема“ власта, од нејасни причини пропадна. […]

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување


Нови 139 случаи со Ковид-19 од 1.627 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Оздравени се вкупно 239 лица. Почина еден пациент од Охрид, на 66-годишна возраст, во болнички услови. Од новите 139 случаи со Ковид-19, најмногу има во Скопје – 30, Куманово – 20, Гостивар -19, Штип […]

Народната банка ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка


Народната банка денеска ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка -Скопје, соопшти на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. „Утре НБ ќе поднесе барање за стечај до надлежниот суд“, рече Бежоска. Што се однесува до депозитите на физички лица гувернерката рече дека, на 99,4 отсто од депонентите ќе им бидат исплатени во законските рокови, според […]

Ахмети утре ќе одржи средба сам со себе да го слави Рамковниот договор


Доколку утре навистина се одржи средба по повод годишнината од Охридскиот договор на неа ќе присуствува само лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и некој од неговите партиски соработници. Откако Билал Касами во името на Беса вчера објави дека нема да учествува на оваа своевидна сеалбанска средба, денеска тоа го направија и лидерите на Алијанса за […]

Нема одлука за почетокот на учебната година


На 20 дена пред почетокот на учебната година, надлежните се уште немаат решение како би се организирала наставата за основците и средношколците. Министерот Арбер Адеми денеска на прес-конференција, рече дека има три модели според кои би се реализирала наставата, годинава, во услови на пандемија од корона вирус. Тоа се класична настава со физичко присуство, онлајн […]

Заев и Николовски се откажаа од патните трошоци


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски објави дека тој и лидерот на партијата Зоран Заев се откажуваат од патните трошоци, како што ветила партијата пред изборите. „Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба.За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера […]

Она што за аналитичарите е глупост, за Талат Џафери е уставна криза


Расправата дали е конституирано Собранието или не веќе станува пародична бидејќи никој не ја „купува“   Она што аналитичарите го нарекоа глупост, за Талат Џафери е прекршување на Уставот и вовед во институционална криза. Така вчера за ТВ 21 спикерот на парламентот со истечен мандат ја оцени актуелната расправа – тече или не рокот за […]

Во Грција нема патување до 31 август


Грција-Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува […]

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада


На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е мандатар и дека во тек се разговори за парламентарно мнозинство, а Мицкоски пак вели дека го известил Ахмети дека токму ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок. […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 уште над 100, да се почитуваат мерките за заштита


Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 оздравен пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а […]

(Галерија) Последното селфи со Универзална сала?


Граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ вечерва одржаа собир за спас на Универзална сала на кој порачаа реконструкција и санација на истата локација, наместо нејзино уривање и дислокација. Најавениот собир за поддршка на Универзална сала се одржа вечерва, пред платото на салата во 20 часот, иако беше најавен дека ќе се одржи неколку дена […]

Дали може да ѝ се верува на руската вакцина за Ковид-19?


Објавата на рускиот претседател Путин дека е направена вакцина предизвика тревога во научната јавност, затоа што таа не ја поминала клучната Фаза III од испитувањата   Најава од Русија во вторникот дека ќе ја одобри вакцината за Ковид-19 по помалку од два месеци тестирања на човекот, предизвика тревога кај глобалните експерти за здравство, кои рекоа […]

Касами му даде „корпа“ на Ахмети


Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии што го свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава ИНА. Касами нема да биде на масата,  иако сè уште нема официјална одлука од партиските тела. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани на заедничка маса лидерите на албанските […]

Косоварите, заразени или не, транзитираат слободно низ Македонија


По информацијата дека 24 патници на летот од Скопје за Турку, Финска биле позитивни на ковид-19, се отвори прашањето – зошто Македонија дозволува, заради странски државјани, да бидат ставани на црни листи македонските граѓани, бидејќи во Финска не водат сметка за националното потекло на патниците туку за тоа од кај дошле. Уште повеќе што ситуацијата […]

И денес без одлука за наставата во училиштата, се одложи состанокот


Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди за МИА в.д. директорот на Центарот за јавно здравје и член […]

Филипче: На летот за Финска имало само двајца патници со македонски пасош


На летот за Финска во саботата во кој од вкупно 157 патници, 24 биле позитивни на корона вирус, имало само двајца патници со македонски пасош, објави на Фејсбук Министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот пост го пренесуваме во целост: „Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти […]

Авион од Скопје слетал во Финска со 24 патници позитивни на Ковид-19


  ХЕЛСИНКИ – Финска ќе воведе задолжителни тестови за корона вирус и карантини за патници од одредени земји со висок ризик, рече во понеделникот надлежниот министер, откако 24 од 157 патници кои пристигнаа од Скопје во Северна Македонија, беа тестирани позитивни на Ковид-19. Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за […]

Ќе требаат уште средби меѓу Заев и Ахмети за нова влада


Двајцата досегашни коалициски лидери, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска излегоа повеќе воздржани отколку отворени оптимисти дека се блиску до договор за формирање на новата влада. По нивната нова средба во Собранието јасно е дека има уште работи кои двајцата лидери треба да ги затворат, меѓу нив веројатно најважната за изборниот адур на ДУИ за […]

Падна либанската влада


  Либанската влада поднесе оставка. Ова го потврди министерот за здравство Хамад Хасан. Неколку светски медиуми пишуваат дека либанската влада поднела оставка една недела по силната експлозија на бејрутското пристаниште во која загинаа повеќе од 200 луѓе. Министерот Хасан пред новинарите рече дека владата поднела оставка, а дека премиерот Хасан ДИаб ќе се упати во […]