Нема одлука за почетокот на учебната година


Фото: Б. Грданоски

На 20 дена пред почетокот на учебната година, надлежните се уште немаат решение како би се организирала наставата за основците и средношколците.

Министерот Арбер Адеми денеска на прес-конференција, рече дека има три модели според кои би се реализирала наставата, годинава, во услови на пандемија од корона вирус. Тоа се класична настава со физичко присуство, онлајн настава за сите и комбинирана настава о дпретходните две.

– Најлесно е во вакви случаи да се определиме за онлајн настава. Само ако епидемиолошката состојба не дозволува да се организира настава со физичко присуство, би се определиле за оваа можност – рече Адеми.

Тој појасни дека се во постојана комуникација со министерот за здравство и со Комисијата за заразни болести, дека за секој модел имаат про и контра ставови и дека одлука како ќе се одвива наставата годинава, се уште не е донесена, а тоа ќе се случи во наредните денови.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/728314354568019/

 

Децата од помала возраст од прво до трето, петто одделение не се толку вешти да управуваат со електронски уреди, ниту пак може да се гарантира дека ќе седи пред компјутер и ќе следи со внимание да следи настава, нема замена за настава со физичко присуство на учениците во училница, смета Адеми.

– Ова е една од најтешките одлуки не само за еден министер за образование и наука, туку одговорноста е на сите – додава тој. Ние не знаеме како ќе се развива епидемијата. Можеби и следната година ќе имаме слична или иста ситуација, затоа одлуките мора да бидат одговорни. Треба да донесеме решенија, но треба да бидеме подготвени за флексибилност да преминеме од еден на друг модел во текот на учебната година, затоа што можеби ќе имаме друга епидемиолошка состојба во ноември, во февруари или во март.

Една од дилемите е дека протоколите се осмислени до детал, но што ако во училиште не се спроведуваат. Што ако некое дете се зарази надвор и го донесе вирусот во училиште, па тие станат жариште на ширење на епидемијата. Најидеално би било да не се отворат училиштата, но тоа оди на сметка на квалитетот на образованието, смета министерот.

Треба на неделно ниво да се објавува епидемиолошката состојба во општините, па да се донесе одлука за понатамошно одвивање на наставата.

Секако треба да се донесат и законски измени, на пример со новиот закон намален е бројот дозволени ученици во една паралалка на 20 – 30 во основно и 24 – 34 во средно, а ние велиме помали гупи под 20, со задолжителна раздалеченост од 1,5 метри.

За ова пка, треба да има функционално Собрание, кое се уште не почнало со работа, по предвремените парламентарни избори.