Падна либанската влада


 

Либанската влада поднесе оставка. Ова го потврди министерот за здравство Хамад Хасан.

Неколку светски медиуми пишуваат дека либанската влада поднела оставка една недела по силната експлозија на бејрутското пристаниште во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

Министерот Хасан пред новинарите рече дека владата поднела оставка, а дека премиерот Хасан ДИаб ќе се упати во претседателската палата каде ќе ги однесе оставките, пренесе АФП.

Досега тројца министри и седум членови на парламентот поднесоа оставка.

Либан веќе страдаше поради најголемата економска криза во последните децении, до зголемувањето на бројот заразни од корона вирус, кризата само се продлабочи.

Експлозијата што се случи во вторникот беше капката што ја прелеа чашата.

Изминатите денови, силни демонстрации се случуваа во центарот на Берјут, а народот бараше оставка од владата затоа што не презела мерки за отстранување на амониум нитратот кој ја предизвика силната експлозија.